ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Блинкен го осуди „неодговорниот“ кинески прекин во комуникацијата со САД

August 6, 2022 11:18
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Andrew Harnik / POOL / AFP

Фото: Andrew Harnik / POOL / AFP

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ја обвини Кина за „неодговорните чекори“ со прекинот на клучните комуникациски канали со Вашингтон и кажа дека нејзините дејствија во Тајван покажуваат промена во однесувањето – давање приоритетот на мирното решение на разликите кон употреба на сила.

Коментарите на Блинкен доаѓаат откако кинески авиони и воени бродови денеска вежбаат напад врз Тајван, изјавија властите на оваа островска земја, што е еден од серијата чекори што Пекинг ги презеде по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, на Тајван претходно оваа недела.

-Одмаздата на Кина со запирањето на билатералните процеси во осум клучни области, вклучувајќи ги одбраната, наркотиците, транснационалниот криминал и климатските промени се потези кои ќе го казнат целиот свет, а не само САД, рече Блинкен на прес-конференција во Манила.

„Тоа вклучува неколку воени канали, кои се клучни за да се избегне погрешна комуникација и криза“, додаде тој.

-Суспендирањето на соработката за климата не ги казнува САД, туку го казнува светот, особено светот во развој. Не треба да ја држиме соработката за прашања од глобално значење во заложништво поради разликите меѓу нашите две земји, кажа шефот на американската дипломатија.

Борбата против климатските промени е клучна област на соработка меѓу двете велесили и двата најголеми емитери  на штетните стакленички гасови.

Блинкен кажа и дека САД од соузниците слушнале загриженост за, како што ги нарече, опасните и дестабилизирачки дејствија на Кина над Тајван, но додаде дека Вашингтон ќе остане непоколеблив во справувањето со ситуацијата.

Тој кажа дека на својот кинески колега, министерот за надворешни работи Ванг Ји, на регионалниот состанок во Камбоџа му пренел дека САД се решени да ги задржат каналите за комуникација за да спречат погрешни пресметки, како што очекуваат земјите ширум светот да сторат.

-Значи, да бидеме јасни, САД не веруваат дека е во интерес на Тајван, на регионот или на нашата национална безбедност да ескалира ситуацијата, рече тој.

„Ќе ги задржиме отворени нашите канали за комуникација со Кина, со намера да избегнеме ескалација поради недоразбирања или погрешна комуникација. Одржувањето на дијалогот е несомнено уште поважно кога сме во период на зголемени тензии… Се обидуваме да ги деескалираме овие тензии. И ние мислиме дека дијалогот е многу важен елемент на тоа, додаде Блинкен./MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: МИА

Обвинение против поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје и седум полициски службеници

July 8, 2025

Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

July 8, 2025

Општина Центар дава 2.500 денари еднократна помош за пензионери со ниски примања

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Град Скопје алармира: Рекордна потрошувачка на вода, масовни диви приклучоци и напад врз советничка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто се извини Мицкоски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk