Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити, заедно со г. Насер Сахити – Ректор на Универзитетот во Приштина, г. Едмонд Хајризи-Ректор на Универзитетот за бизнис и технологија (УБТ), г. Самедин Крабај-Ректор на Универзитетот во Призрен, г. Едона Малоку Бердина – заменик Министерката за образование, наука, технологија и иновации на Република Косово, г. Лиза Гаши – заменик Министерот за надворешни работи и дијаспора во Република Косово, беше дел од Тркалезната маса што се одржа во Косово по повод Академската конференција на дијаспората по ИКТ, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.
На овој панел Алити се осврна на улогата на албанската дијаспора во зголемувањето на истражувачките капацитети во ИКТ, каде што ја истакна потребата од законски измени и официјализирање на соработката меѓу нашите институции или универзитети и странските, со цел конкретните проекти да резултираат со зголемување на нивото на истражување и истражувањата во нашите земји.
Министерот Алити им се заблагодари и на сите професори од дијаспората, за нивниот придонес и посветеност да овозможат квалитативни истражувања и студии за студентите.