Александар Николовски вели дека воделе двојно на анкети, па затоа СДСМ не сакала избори.
Што е погрешно во оваа изјава? Прво, парламентарни избори имаат рок од четири години. Такви се правилата во парламентарната демократија.
Второ, лажна е анкетата. Поточно, одвратно лажни се цифрите и процентите на анкетата.
Анкетата на Мицкоски, тој vox populi, е лажен, измонтиран, сугестивен, наместен, тенденциозен, шанса за хушкање и можност “народот да излезе на непостоечки избори”.
Исто така, не се земени во предвид кои целни групи се прашани/интервјуирани. Има еден важен детаљ исто така: пред ТВ интервју или агенциско прашање, на луѓето им се сугерира што да мислат, па најчесто го зборуваат тоа што е пожелно за прашањето кое веќе претходно им е сугерирано како да го одговорат.
Во таков случај, луѓето најчесто лажат, односно го прифаќаат сугерираното прашање на кое потврдно одговараат.
Тоа го прават и масовните медиуми: така ги менуваат и своите гледачи. Ги менуваат така што им сугерираат тенденциозни прашања.
Анкетата исто така може да биде не само сугестивна во прашањето, туку може да се хушка и преку слика.
Не е СДСМ во никаков пад, само што пропагандата на ВМРО почнува да се пенави како во времето на Груевски. Другото е “морална” паника, хистерија и медиумска сугестија. Ако Мицковци се премногу гласни, мислат дека се и најбројни. Што е уште една сугерирана лага во низата од лаги.
Најгласниот не значи дека е и најброен. Едноставно ВМРО се такви: бучни и гласни, а што повеќе се гласни, тоа помалку се слушаат.
Објава на Фејсбук од Ненад Јовановиќ