ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Скринингот ја мобилизира администрацијата, преговарачката структура е во завршна фаза

August 21, 2022 16:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во денешното интервју за „Алсат“ рече дека скринингот практично претставува еден начин да се мобилизира администрацијата и дека веќе се работи на финиширање на преговарачката структура со сите потребни акти и назначувања.

– Очекувам до крајот на овој месец да ја претставам, потоа во еден интензивен период до 15 септември на сите министерства, на сите институции им објасниме точно која е нивната улога во скринингот и од 15 септември натаму да започнеме со тој процес. Ќе биде многу интензивно, секое поглавје ќе трае неколку дена, зависно од тоа колку е обемно. Важно ќе биде сите со внимание да ги следиме презентациите и да учествуваме активно во нив затоа што тоа ќе биде основа за претставување или поставување на критериумите за отворање и затворање на поглавјата понатаму, кажа Маричиќ во интервјуто.

Вицепремиерот Маричиќ го објасни дека процесот на скрининг ќе се одвива во две фази и дека кој започнува на 15 септември и по веќе дефиниран календар се очекува да трае до ноември 2023 година.

– По завршување на овој објаснувачки скрининг, следува билатералниот скрининг, каде што се вклучени не само Европската Комисија, и ние и Албанија, туку и државите членки на ЕУ, каде што сите тие ќе изнесат и свои видувања за нашата усогласеност во сите делови, во сите кластери и поглавја. Тој процес е важен за нашата администрација бидејќи треба да ни ја даде сликата до каде сме со усогласување со европското законодавство, што уште треба да направиме, но и како во пракса да се спроведат полесно и побрзо тие правила, посочи Маричиќ.

На прашањето дали отворањето и затворањето на кластерите ќе биде едноставно и кои кластери се очекува да бидат најтешки, вицепремиерот Маричиќ одговори дека секое поглавје и секој кластер има своја тежина и дека сите имаат свое значење во интеграцијата на државата во ЕУ, посочувајќи го Кластерот „Темелни вредности“ како најзначаен со најголема тежина, а Кластерот „Внатрешен пазар“ како најобемен, бидејќи треба практично нашиот систем да се интегрира во внатрешниот пазар на Европската Унија.

– Секако најзначаен со најголема тежина, поставена од самата нова методологија на преговори, е кластерот на Темелни вредности, кој прв се отвора, последен се затвора и останува отворен во текот на целите преговори. Меѓутоа има други кластери коишто не се помалку тешки и помалку важни, истакна Маричиќ, додавајќи дека веќе имаме добра усогласеност во голем број на кластерите.

Вицепремиерот Маричиќ посочи дека покрај на подготовките за скринингот, паралелно и непречено се работи на превод на европското законодавство и дека и оваа година очекува да се држи темпото од минатата година, кога беа преведени преку 17 илјади страници.

– Ова е важна задача, важен процес. На ова обрнуваме посебно внимание и планираме да го зајакнеме со повеќе луѓе секторот за превод тука во Секретаријатот за европски прашања, но исто така и заедно со универзитетите, факултетите и фирмите за превод, да градиме една нова генерација на преведувачи којашто ќе треба да работи во европските институции и да се занимава со превод на дневна основа, бидејќи македонскиот јазик ќе стане еден од официјалните јазици на ЕУ. За сето тоа да функционира потребно е да има луѓе коишто ќе работат на превод, рече вицепремиерот Маричиќ.

Next Post

Прелети над Скопје на два воени авиони Б52 од воздухопловните сили на САД

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk