ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Министерот Бесими пред експерти го претстави концептот на даночната реформа

August 22, 2022 15:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Концептот на даночни реформи, кој е работен во изминатиот период, и кој треба етапно да се имплементира во периодот 2023-2025 година, министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го претстави пред експерти, декани, ректори и професори од универзитетите во земјава. Порача дека транспарентноста и инклузивноста е клучна во овој процес, кој треба да креира праведен, правичен, ефикасен и современ даночен систем, а тоа да овозможи економски развој, пренесува МИА.

„Во овој процес на дебата, концептот на даночната реформа досега го претставивме пред бизнис заедницата, невладиниот сектор, деловни асоцијации,  консалтинг компании и други, кои дадоа конструктивни предлози и позитивен придонес во овој процес. Тоа го продолжуваме денеска со вас, експертската јавност, чија вклученост е многу значајна, имајќи ги предвид вашите познавања и искуство. Сите аргументи се добредојдени, а крајната цел е да ги дефинираме решенијата заедно, затоа што тие се однесуваат на сите во општеството“, рече министерот на состанокот во рамки на јавната дебата за даночната реформа.

Тој истакна дека ова е процес кој е дел од концептот СМАРТ финансии, со кој претходно се утврдија правилата на расходната страна. Со Законот за буџети се дефинираат правила и се воспоставува механизам за контрола на трошењата на парите кои ќе се слеат во буџетот. -Тоа е поврзан систем, се подобрува ефикасноста и на двете страни и на приходната и на расходната страна, затоа што граѓаните бараат одговорност во трошењето на парите што се собираат во буџетот преку утврдената даночна политика, рече министерот.

Како што соопшти Министерството за финансии, паралелно со овие процеси, се преземаат активности и за зголемување на капацитетите на институциите за поефикасно прибирање на приходите и намалување на сивата економија.

Со ова, појаснуваат, ќе се обезбеди зајакнување на праведноста и правичноста на даночниот систем, затоа што на овие аспекти не треба да се гледа само од премисата дека оној што има повеќе и треба да плати повеќе, туку праведноста се гледа и во тоа да  оние кои не се досега дел од системот, да станат дел од истиот и со тоа да го понесат својот, правичен дел од даночниот товар. Важна улога во ова ќе одигра и понатамошната дигитализација на процесите во даночната и царинската администрација, за кои веќе е утврдена динамика на реализација за да може да се одвиваат заедно со даночната реформа. Во таа насока во Управата за јавни приходи се подготвува теренот за воспоставување на е-фискализација и е-фактура, а се преземаат активности и во Царинската управа.

На состанокот, како и на претходно одржаните, беа изнесени повеќе размислувања во однос на концептот на даночната реформа, кои ќе бидат земени предвид при креирање на конечните решенија, велат од МФ.

Дополнително во овој процес, заинтересираните страни, свои мислења и сугестии може да достават и електронски преку веб страницата на Министерството за финансии и на е-маил адресата danocnareforma@finance.gov.mk.  Јавната дебата продолжува и во наредниот период со состаноци и со останатите чинители во општеството.

Next Post

Мијалков се пријави во струшкиот затвор за одлежување на казната за случајот „Империја“

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk