Од утрото на 24 август, руските трупи го гранатираат регионот Харкив. Конкретно, градот Дерхачи и селото Мала Даниливка беа под артилериски оган. Според првичните податоци, повредени се цивили, пренесува Укринформ.
Според Олександр Хололобов, началник на селото Мала Даниливка, гранатирање било забележано на различни места во селото, а жителите биле повредени во нивните дворови. Оштетени се и инфраструктурата и приватните домаќинства. Според началникот на селото, руските сили гранатирале со касетна муниција.
Дерхачи, според податоците на градскиот совет, бил под артилериски оган околу 10:50 часот. Засега нема информации за жртви или штети. Надлежните ги повикуваат жителите да не ги напуштаат своите засолништа.
„На Денот на независноста на Украина, непријателот го зголемува теророт врз цивилното население во регионот Харкив. Денеска окупаторите со касетна муниција го гранатираа селото Мала Даниливка во областа Харкив. Оштетени се приватни куќи и инфраструктура. За жал, двајца цивили се повредени. Сега лекарите им помагаат. Информациите се разјаснуваат“, објави на Телеграм Олех Синехубов, шеф на регионалната воена управа во Харкив.
Како што е соопштено, во текот на изминатиот ден, пет лица, меѓу кои и едно 5-годишно дете, беа повредени во нападите во регионот Харкив.
Подготви: Ј. Ѓ.