Автентичниот вкус на македонската традиционална кујна внимателно се компонирал низ вековите. Недогледните овошни и зеленчукови градини, одгледувани од вештите раце на македонските земјоделци, се изворна инспирација за многу македонски специјалитети, напиша во објава на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.
Тој нагласува дека на саемот на вино, храна и туризам на Отворен Балкан во Белград ќе се претстават нашите автентични македонски производи, кулинарски специјалитети и храна подготвена од најдобрите македонски готвачи.