Секоја година на 29 август го почитуваме светлиот спомен на бранителите на Украина, кои ги дадоа своите Животи за Слободата и Независноста на Украина, се вели во денешната порака на Амбасадата на Украина во Северна Македонија.
„Нескршливите бранители кои загинаа во борбата за суверенитет и територијален интегритет на Украина засекогаш ќе останат врежани во генетската меморија на украинскиот народ. И додека е жив овој спомен, Украина е непобедлива! Слава на Украина! На Хероите Слава!“ – се вели во објавата.