Премиерот Димитар Ковачевски во објава на Фејсбук во пресрет на саемот на вино, храна и туризам на Отворен Балкан во Белград, ја истакнува лозарската традиција и уникатната арома на македонското грозје.
„Долгите години лозарска традиција пренесувана од генерација на генерација, создаваат совршена, уникатна арома на македонскиот нектар од грозје. Вкусете ги најдобрите македонски вина на саемот на вино, храна и туризам на Отворен Балкан во Белград“, истакна во објавата премирот Ковачевски.
Во Белград течат последните подготовки за Првиот меѓународен саем Винска визија Отврен Балкан. Во главниот град на Србија по улиците веќе се веат знамињата на Србија, Северна Македониј и Албанија, чии влади се организатори на оваа голема манифестација, извести денеска дописничката на МИА од Белград.