Активистот Никола Наумовски во објава на Фејсбук, по повод „Литијата за спас на Србија“ која беше против одржувањето на Европрајд во Белград, истакнува: „Во Србија Путин со Дража Михајловиќ, во Македонија со Тито.
„Па, ајде реците Путинисти, Дража фашист е? Соработник на окупаторот? Учесник во нацистичките злодела? Ќе го споредите Дража со Бандера? Море што ќе очекувам од вас, па вие вергини со Боб Марли мешате…“, пишува Наумоски.
Политичкиот аналитичар Душан Јањиќ, како што пренесе српски Н1, вели дека бидејќи протестот против одржувањето на Европрајд во Белград во неделата го воделе моторџиите „Ноќни волци“, му било јасно дека зад организацијата на Литијата стои руската воена разузнавачка служба ГРУ.
Поврзано:
Јањиќ: Зад организацијата на „Литијата за спас на Србија“ стои руската разузнавачка служба.