ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Предлог буџетот на Собранието за 2023 година утврден на 574 милиони денари

August 31, 2022 13:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Буџетскиот совет на Собранието на денешната седница го утврди Предлог буџетот на Собранието за 2023 година во износ од 574 милини денари, со оценка дека тоа е во согласност со реалните потреби на законодавниот дом, а со цел навремено и квалитетно извршување на неговите надлежности.

Финансиската проекција за буџетот на Собранието за 2023 година е во функција на реализацијата на целите и приоритетите кои се утврдени со Стратешкиот план на законодавниот дом за периодот 2023 – 2027 година, и ќе биде доставен до Претседателот на Собранието и до Министерството за финансии.

Како што информира на седницата заменик генералниот секретар на Собранието Мики Милковски, буџетот во 2022 година од предвидените 610 милиони денари со отстапување на дел од средствата со ребалансот беше намален за 20 милиони денари и изнесуваше 590 милиони денари, а овогодишното димензионирање на буџетот е помал за уште 16 милиони денари со што се прифатени определените средства од Министерството за финансии кои се намалени заради кризата.

Ставката во делот на плати за пратениците и вработените во службите во Парламентот е исто така намалена и наспроти 2022 кога изнесувала 247 милиони денари, сега се предвидени 232, што е за 15 милиони денари. Ваквото намалување се должи на движењето на кадарот, односно заминување на вработени од службите или нивно пензионирање.

Во контекст на енергетската криза во делот на комуналните услуги и греење предвидени се за три милиони денари помлаку средства од годинава, или вкупно 60 милиони денари. При тоа вкалкурирано е драстичното зголемување на цената на електричната енергија, но ги следат и препораките на Владата за штедење и во тек се мерки и активности за штедење на струјата.

Собраниските служби изготвија предлог план којшто веќе почна да се спроведува во насока на заштеда на електрична енергија во Собранието. Сметките за електрична енергија навистина енормно се зголемени и ова е голема ставка од буџетот која зафаќа многу средства, заради тоа е планиран ваков износ којшто сметаме дека со штедење ќе биде доволен да се покрие наредната година, а доколку има потреба ќе има и ребаланс за што ќе се одлучува на седница на Буџетскиот совет, рече Милковски.

Во делот на капиталните инвестиции во 2023 година планирани се 15 милиони денари за реновирање на салите за седници на собраниските комисии.

Во однос на договорните услуги зголемување има кај ставката за осигурување на недвижноста, односно на зградата на Парламентот.

На прашање од пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, Милковски изјави дека во Предлог буџетот не е вкалкулирано покачувањето на платите на вработените во собраниската служба побарано од синдикатот во износ од околу 2800 денари, а доколку има одлука во таа насока ќе треба Буџетскиот совет да донесе соодветна одлука за тоа прашање.

На седницата беа усвоени и одлуките за Предлог на стратешки план на Собранието за периодот 2023-2027 година и Предлог-одлуката за давање на финансиска согласност на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2023 година. Ова е една од првите активности на Парламентот по завршувањето на колективниот одмор.

Next Post

Шаќири: Оваа учебна година ја почнуваме многу поподготвени

Shortcut

Најново

Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk