ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Отворен Балкан нуди нов поголем пазар за нашите земјоделски производи и за македонското вино

September 1, 2022 21:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Иднината на македонското лозарство и винарство се создава во винарските визби на големите и малите произведувачи, но особено во последниве години, малите семејни винарии се оние што го доживуваат својот подем. Бележиме раст и кај регистрираните винарски визби, со зголемување од 55 отсто вкупен капацитет за преработка на вино кој достигнува до околу 200 милиони литри, што е речиси два пати поголемо од годишното производство на вино, напиша министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот фејсбук профил по денешното отворање на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.

Како што наведува Николовски, денес во Северна Македонија се регистрирани 71 мали винарии кои посветено одгледуваат сопствени лозови насади и произведуваат вино со врвен квалитет.

Чуството е прекрасно кога го гледам големиот интерес на посетителите на нашите македонски штандови и нивното задоволство од убавината на нашето македонско вино, истакнува министерот.

Според него, Отворен Балкан нуди нов, поголем пазар за нашите македонски земјоделски производи, но и за македонското вино.

Она што ме радува е што на овој Саем прв пат учествуваат и малите винарии, членки на Здружението на малите семејни винарии, како и повеќе винарии од Здружението Вина на Македонија. За тоа колку е добро нашето македонско вино говори и посетеноста на македонските штандови, но и фактот дека Северна Македонија е 29-ти најголем извозник на вино во светот со вкупен извоз во вредност од 61,4 милиони долари и втора земја по извоз во регионот. Винскиот сектор за нас има посебно значење и токму затоа со посебно внимание го поддржуваме и промовираме, подвлекува Николовски.

Саемот беше отворен во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и албанскиот премиер Еди Рама. На Саемот има преку 330 учесници од 22 земји. Земјава се претставува под слоганот „Вкуси го животот”, со 42 винарии, три дестилерии и десетина производители на храна.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Иран протера половина милион Авганистанци во период од 16 дена од неодамнешниот конфликт со Израел, соопшти ОН

July 11, 2025

Викендов Галичка свадба, манифестацијата ќе почне вечер со монодрама за Пулевски

July 11, 2025
Скриншот

Кос: Сребреница е длабока рана на европската историја

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk