Кралицата Елизабета Втора, монархот со најдолг стаж во Велика Британија, почина во Балморал на 96-годишна возраст, откако владееше 70 години, соопшти Бакингемската палата, пренесува Би-Би-Си.
Нејзиното семејство се собра на нејзиниот имот во Шкотска, откако претходно се зголеми загриженоста за нејзиното здравје. Кралицата дојде на тронот во 1952 година и беше сведок на огромни општествени промени,
Со нејзината смрт, нејзиниот најстар син Чарлс, поранешниот принц од Велс, ќе ја води земјата во жалост како нов крал и шеф на државата за 14 кралства на Комонвелтот.
Во соопштението, Бакингемската палата рече: „Кралицата почина мирно во Балморал попладнево.
„Кралот и кралицата ќе останат во Балморал оваа вечер и утре ќе се вратат во Лондон“.
Сите деца на кралицата отпатувале во Балморал, во близина на Абердин, откако лекарите ја ставиле кралицата под медицински надзор.
Таму е и нејзиниот внук, принцот Вилијам, на пат со неговиот брат, принцот Хари.
Мандатот на кралицата Елизабета Втора како шеф на државата го опфати повоеното штедење, транзицијата од империја во Комонвелт, крајот на Студената војна и влегувањето – и повлекувањето на Обединетото Кралство од – Европската унија.
Нејзиното владеење опфати 15 премиери, почнувајќи од Винстон Черчил, роден во 1874 година, вклучувајќи ја и Лиз Трус, родена 101 година подоцна во 1975 година, а назначена од кралицата претходно оваа недела.
Кралицата е родена како Елизабета Александра Мери Виндзор, во Мејфер, Лондон, на 21 април 1926 година.
Подготви: Ј. Ѓорѓиоски