ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Коцарев повторно меша и зачинува метафизика со алхемија

September 15, 2022 13:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Нашиот академик го „проучува научно“ родот и припадноста на народот, ги проучува овие теми на едно светско, врвно, академско ниво, знаете, мудра е тоа глава, па еден ден ни вели, „ние Mакедонците ќе постоиме до 2084 година“, друг ден ни вели, „ние Mакедонците нема да постоиме до 2084“. А ете, од најновите „проучено-научни“ сознанија, академик Коцарев дошол до неверојатен заклучок во неговата најнова колумна, сигурен сум дека тоа ќе го пропратат сите светски медиуми (ако веќе и не се тргнати на пат за Македонија): „ние Mакедонците уште од денес не постоиме“, вели Коцарев во најновото сознание за нас Mакедонците.

Абнормалноста, драги мои пријатели, гледате, зема сè поголема сила. Како јас да помогнам тоа да се запре? Како да помогнам да запре и кретенизацијата за изјаснување на „националните квоти“ на факултетите? Не знам дали приметувате, нема ден а да не се случи некое срање. А, ете, најновото е дека ние Mакедонците повеќе не постоиме, така нè учи Коцарев.

Секој оној што некогаш се соочил со „националното изјаснување“, било на училиште, на факултет, на граница, на попис, било локален, било национален, знае дека се работи за рутинска акција. Чисто да се знае, колку нè има, колку од нас умреле, колку се запишале на факс, колку повториле, колку завшиле, колку магистрирале, колку докторирале… A за оние кои „изврзале испити“, платиле, поткупиле, за тоа нема во пописите и факултетските обрасци, таа игранка е длабоко космополитска, за таа игранка потребни се сите актери без разлика на родот, полот или „џендерот“. Кога се „муља“, за национално изјаснување не се дава пет пари.

Дури и за времето на Јосип Броз, кога националистите не беа на цена, една од најпознатите рубрики – ни сведочи историјата – беше националната припадност. Си можел слободно да се изјасниш. Дури, велат сведоштвата на луѓе, не си можел да отидеш и по мала нужда а некој да нe ти побара национално изјаснување.

Aко јас живеев во времето на Јоспи Броз, ќе се пишев Абориџин чисто заради заебанција, а бидејќи „пописните“ акцијаши ќе ме земеа со резерва, сигурен сум дека ќе ме ставеа во групата „национално неопределен“. Ама во 21 век, гледаме од приложеното (кој ви е крив што не го читате академик Коцарев?), работите отидоа во чиста метафизичка апокалипса, односно националното изјаснување за Коцаев е идеолошкиот супстрат за враќање на власт. Дури ниту другарот Тито, нè учат историските записи, ни на крај на памет не му паѓало да агитира кај работниот народ и чесната интелегенција да се изјаснуваат, за него, најмилите Југословени.

Сега, мајку му божју, сè некако се преврте на глава, а најзапалените за национална свест и верска припадност се „опасно научните“ академици од типот на Коцарев – оној што вели дека е „ист меѓу еднаквите“. Само „истите од еднаквите“ не се претседатели на МАНУ, ако ме разбирате што сакам да кажам. Од друга страна, ако постојат бруцоши, студенти со диплома, доктори на науки кои не знаат што се по националност или на која вера и припаѓаат, можат ли тоа да го поправат кампањи или студенски обрасци? Не е тоа гласање (или заокружување) во кое вие можете да бидете „за“, „против“ или „воздржан“. Или е Коцарев лав, или не е, нема тука што да се изјаснува човек.

Знате што, за ова се работи. Коцарев повторно нè обманува со лажната грижа за националната супстанца. Премногу ревност не е добра работа, тоа учен човек како Коцарев би морал да го знае. До вчера го негираа националното изјаснување на пописот кое го спроведуваше Евростат со државните органи. На тој попис неговите конзервативци и десничари не излегоа национално да се изјаснат, дури правеа и кампањи. Ќе го враќале името, а враќајќи го името, блокираат кампањски сè. Мене, возрасен човек, искрено би ми било срам такви глупости да правам, ама ете, на еден академик очигледно не му е срам, па дури и се занимава со „националната супстанца“ заради која македонците исчезнале. Или допрва ќе исчезнат, во тие апории на душата ретко разумен човек чекори, или можеби единствено Коцарев, кој ќе го знае.

Еве, да речеме, на УКИМ се запишале 90 проценти Mакедонци, еве и да речеме дека во државата и светот има над 100 милиони Mакедонци. Дали покрај името кое ќе го вратиме, на Коцерев ќе му смета да го вратиме и „второто око во главата“ кога веќе на ова првото тотално ослепевме?


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Пожар во галијата на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

Граѓани на Белград и Нови Сад блокираат раскрсници, улици и булевари поради апсењата по студенстскиот протест на Видовден

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски да одговори кои претставници од владата го застапуваат проектот „српски свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk