ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Скопјани пријавиле 349 осигурани штети од силното невреме, имотот на „Ист Гејт Мол“ осигуран со франшиза од 100.000 евра

September 15, 2022 10:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенција за супервизија на осигурување (АСО) денеска соопшти дека скопјани пријавиле 349 осигурани штети од силното невреме што го зафати Скопје на 30 август годинава, додека имотот на „Ист Гејт Мол“ е осигуран со франшиза од 100.000 евра.

Граѓани и фирми од Скопје пријавиле осигурани штети во сите 11 осигурителни компании. Активно осигурување имот имаат речиси 51.000 скопјани, а 215 од нив пријавиле штети во силното невреме што на крај на август го зафати централното градско подрачје. Од сите 349 штети во една осигурителна компанија се пријавени дури 117. Од сите пријавени штети поголем број, односно 215, се врз имот осигуран од физички лица.

Компании и други правни лица со седиште во Скопје пријавиле 134 штети врз имотот како последица од незапамтеното силно невреме во главниот град, покажуваат податоците кои Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги обезбеди од сите 11 компании за неживотно осигурување.

Најголемиот број на пријавени штети врз осигуран имот во една компанија изнесува 117 од кои 97 се штети врз имот на физички лица.

Заклучно со крајот на август годинава има 67.420 активни договори за осигурување имот на територијата на градот Скопје кои со осигурителните компании ги склучиле граѓани и компании.

Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, чии објекти претпреа значајна јавно видлива штета, го осигурал имотот кај една од компаниите и договорот е склучен со франшиза (самопридржај) од 100.000 евра. Франшизата значи дека двете страни се согласни осигурителната компанија да покрие само штети поголеми од 100.000 евра, а осигуреникот сам да покрие штета доколку нејзината вредност е пониска или иста со износот утврден со франшизата.

Воедно овој трговски центар има осигурување и од професионална одговорност, а полиси за осигурување имот имаат и одреден број закупци на деловни единици, информираа од осигурителните компании.

Од Агенција за супервизија на осигурување објаснуваат зошто е важно да се осигура имотот, што опфаќа и на што треба да се внимава. Осигурувањето на имотот, како што се посочуваат, нуди можност за мал износ вложени средства (т.н. премија) што ги плаќа сопственикот на имот, осигурителната компанија да го превземе ризикот и да исплати штета врз имотот доколку се случи штетен настан осигуран и дефиниран во договорот за осигурување.

При склучување на договорот за осигурување, треба да се внимава осигурената сума да биде соодветна на вредноста на осигурениот имот. Доколку настане штета, а ризикот е осигуран друштвото за осигурување има обврска да исплати надомест во висина на претрпената штета.

Имотот на домаќинствата и правните субјекти најчесто е изложен на ризици од: пожари, поплави, земјотреси, удари од гром, луња (многу силен ветар) експлозии, кражби, излевања од водоводна, канализациска и топлинска мрежа и други можни оштетувања на имот.

Сите информации за осигурување имот се содржани во документот со назив Услови за осигурување имот кој секоја компанија за осигурување е должна да му го даде на секој осигуреник.

АСО особено препорачува сите осигуреници, пред да купат полиса за осигурување, со внимание да ги прочитаат Исклучоците од осигурувањето кои ги дефинираат ризиците не се покриени и за нив не следува обештетување.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk