„Денес мораме да дејствуваме со силата на аргументите и да градиме пријтелства. Денес мораме да се спротиставиме на оние кои со силата на оружјето создаваат непријателства“, објави поранешниот премиер Зоран Заев.
Нема оправдувања за воените агресии и инвазии. Секој од нас треба да крене глас за мир, истакна Заев.
Фондацијата Заев по повод меѓународниот ден на мирот, во соработка со општинската установа Дом за деца и млади “Благој Мучето“ од Струмица, финансиски го поддржа ликовниот хепенинг организиран со учениците и нивните ментори од училиштата од општините Струмица, Ново Село, Босилово и Василево.