Претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел денеска во Њујорк изјави дека Русија треба да биде суспендирана од членството во Советот за безбедност на ОН.
„Кога државата со статус на постојана членка во Советот за безбедност ќе започне неиспровоцирана и неправедна војна, војна која е осудена од Генералното собрание, таа автоматски мора да биде суспендирана од Советот за безбедност“, рече Мишел, јавува МИА.
Тој нагласи дека правото на вето во Советот за безбедност треба да биде исклучок, а не правило кое се практикува во последно време и повика на реформи во ОН.
Кина, САД, Франција, Велика Британија и Русија имаат постојано членство во Советот за безбедност на ОН, со право на вето на резолуциите.
Советот за безбедност на ОН е најмоќното меѓународно тело, чии одлуки се обврзувачки за земјите-членки на Светската организација. Во согласност со Повелбата на ОН, Советот за безбедност ја сноси „примарната одговорност за одржување на мирот во светот“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски неколку пати бараше да го земе правото на вето од Русија, се додека трае руската агресија врз Украина.