„Имаме среќа што народот ни е инертен, мрзлив, лајав, циничен, измочан во барутното полнење и, второ, имаме среќа што имаме власт каква што имаме, власт која го држи вистинскиот и единствениот спасоносен правец во бурните времиња што почнаа. Се разбира дека имаат еден куп слабости и фаули, но власта е една од ретките инстанции која работи и произведува стабилност и сигурност во времето во кои таа тема добива предност пред темата за дистрибуцијата на богатството. Мораме да бараме повеќе, но и да бидеме поблаги во оценките. Против таа власт можеме и да се бориме, но не јавајќи го коњот на културата на злото. Почитувајте ги повеќе институциите, тие и кога се малку или малку повеќе издишани, се нашите гуми за спасување“ – напиша Бранко Тричковски во колумната „Културата на злото е најразорната атомска бомба“ објавена на 23 септември 2022.