ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Министрите за енергетика на 15 земји-членки на ЕУ бараат ограничување на големопродажната цена на природниот гас

September 28, 2022 10:08
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Воведување ограничување на големопродажната цена на природниот гас, бараат 15 земји-членки на Европската унија преку писмо испратено до комесарот за енергетика Кадри Симсон и додаваат дека на вонредниот состанок в петок на министрите за енергетика на Унијата очекуваат конкретен предлог во оваа насока, јави дописничката на МИА од Атина.

Писмото го објави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а потписници се министрите за енергетика на Грција, Хрватска, Франција, Бугарија, Белгија, Италија, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија и велат дека ги признаваат напорите на Комисијата и мерките што ги предложи за соочување со „енергетската криза што предизвикува неодржливи инфлациски притисоци“ кои силно ги погодуваат домаќинствата и бизнисите, „но, сега треба да се справиме со најсериозниот проблем од сите: големопродажната цена на природниот гас“.

Ограничувањето на цените што од почетокот го бараа сè поголем број земји- членки е единствената мерка што ќе ѝ помогне на секоја земја да го ублажи инфлацискиот притисок, да управува со очекувањата и да обезбеди рамка во случај на потенцијални нарушувања на снабдувањето и да ги ограничи дополнителните профити во секторот. Плафонот треба да се примени на сите трансакции со природен гас на големо, а не да биде ограничен само на увоз од одредени јурисдикции, пишуваат министрите во писмото.

Објаснуваат дека плафонот може да биде воведен на начин на кој ќе обезбеди сигурност во снабдувањето и слободен проток на гас во Европа, а истовремено „да ја постигне нашата заедничка цел за намалување на побарувачката на гас“ и додаваат дека дополнително, може да се надополни со предлози за зајакнување на финансискиот надзор на пазарот на гас и развој на алтернативни одредници за цените на гасот во Европа.

Со оглед на горенаведеното, ние долупотпишаните министри за енергетика Ве повикуваме да ни презентирате предлог во оваа насока за кој ќе се расправа на вонредниот Совет за енергетика на 30 септември, по што ќе следи законски предлог што е можно поскоро, пишуваат министрите за енергетика во писмото до европскиот комесар.

Грчкиот премиер, споделувајќи го писмото на Твитер, коментираше дека мнозинство од 15 земји- членки сега го поддржуваат барањето до Комисијата за воведување ограничување на цената на природниот гас.

Одлични вести во борбата против високите цени на енергијата!, напиша Мицотакис.

Министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас, исто така на „Твитер“ истакна дека 15 се земјите кои се согласија со предлогот на Мицотакис за плафон на цената на природниот гас.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk