ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Има волја од Бугарија да ни помогне со енергија преку механизмите на ЕК

October 1, 2022 17:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како Бугарија, која има вишоци на струја, може да и помогне на земјава во енергетската криза, а да не се нарушат правилата што ги налага Европската Унија. За тоа денеска во Софија разговарал претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски со бугарскиот колега Румен Радев и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

По трилатералната средба, шефот на државата изјави дека има подготвеност од бугарска страна да ни помогне во снабдувањето со електрична енергија, преку механизми на ЕК, односно низ компензациските т.е. солидарните фондови, слично како со вакцините за време на КОВИД-пандемијата.

Разговаравме за тоа како може Бугарија да ни помогне во оваа ситуација. Република Северна Македонија е најмногу зависна од енергија, најмногу ни треба електрична енергија во овој период, а Бугарија е една од многу ретките држави на целиот европски континент која има вишоци на струја, пред се затоа што има нуклеарка на бугарско-романската граница. Меѓутоа, има правило, и бараме начин како да не го повредиме, а да ги задоволиме потребите на нашата држава. Правилото е дека земја членка на Европската Унија која има вишоци на струја, мора да ги продава на светскиот пазар. И кога одите на светскиот пазар цените се многу повисоки од она што може да го добиете во билатерално договорање. Од бугарска страна има јасна, и политичка и секаква друга волја, да и се помогне на Република Северна Македонија во оваа тешка ситуација, изјави претседателот Пендаровски.

За медиумите тој појасни дека Бугарија, како членка на ЕУ, бара од Европската комисија механизам како можеме да не ги рушиме европските директиви, прописи и правила и да се направи, како што рече, билатерална трансакција меѓу земја членка на ЕУ и земја која се уште не е членка на Европската Унија.

Тоа беше целта на нашата средба заедно со Фон дер Лајен. Има неколку механизми, еден од нив кој е применуван, особено во време на КОВИД-кризата, да се побара од тие т.н. компензациски фондови на ЕУ да се обесштети државата која, евентуално, би морала по светски цени да ги набавува енергентите. ЕУ ги има тие солидарни фондови преку кои им се помага на земјите што се уште не се членки. Нешто слично како со вакцините кога беше врвот на короната, а кога вакцинацијата на светско ниво беше тукушто започната, рече Пендаровски, кој ја посети Бугарија на покана на Радев и првпат во четвртата година од мандатот.

На новинарско прашање дали процедурата која денеска ја договарале ќе одземе време, одговори дека за опцијата компензација од ЕУ секогаш помислува на долгите бирократски правила на Унијата, која, како што рече, е гломазна организација со 27 земји членки.

Првото и последното мое прашање до Фон дер Лајен беше дали можеме во некој разумен временски рок, ако работните групи на двете држави, кои и денес работат, најдат решение во рамки на оваа варијанта, дали може да биде во некое разумно време со компензацијата. Таа ми рече дека ако се запазат процедурите и ако апликацијата е во ред, а тоа ќе го направиме со помош на нивни експерти зашто би го правеле првпат, дека тоа може да се заврши за неколку недели, а не за неколку месеци, рече шефот на државата.

Next Post

Пендаровски: Руската анексија на четири украински региони е илегален чин

Shortcut

Најново

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk