ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

11 Октомври или се одбранија себе од фашизмот на другите

October 10, 2022 16:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Како е возможно, ќе речете, народноослободителната борба на нашите дедовци и баби да ја сместиме во денешната темпоралност? Еве вака: познавате луѓе кои денес ја величат омразата, а мислат на љубовта? Познавате. Тоа се никулци на фашизмот. Познавате луѓе кои денес зборуваат за слободата, а го посакуваат ропството? Познавате. И тоа се никулци на фашизмот. Познавате луѓе кои зборуваа за достонство, а мислат на газење на достоинството на другите? Познавате. Е, и тоа се никулци на фашизмот.

Во времето на приказните од народноослободителната борба, си можел да се ориентираш кон минатото, сегашноста и иднината. Може сега да се навратиме на „старите и добри“ времиња, може да речеме дека антифашизмот ја обедини Европа во 50-тите години од 20 век, може да кажеме и тоа дека најголемата наднационална држава во светот се конституира на мир, пријателство и соживот. Може да кажеме и тоа дека народноослободителната борба беше бунт на луѓето кои го растурија режимот што ги пљачкаше, протеруваше и убиваше.

Имено, тоа што го тргнавме Груевски од власт, тоа не значи дека го решивме македонскиот национализам. Тоа што во Србија е тргнат (или „свргнат“) од власт Милошевиќ, не значи дека заврши српскиот национализам. И тоа што е тргнат Туѓман од власт во Хрватска, не значи дека хрватите го решија хрватскиот национализам. Национализмот е структурен проблем кој, еве, околу 30 години ги детерминира животите на луѓе на балканските простори.

Меѓутоа, во самата суштина од народноослободителната револуцијата помеѓу 41-та година и 45-тата години од 20 век, се наоѓа концептот на модерноста. Да речеме: ако сте ја читале Резолуцијата на АВНОЈ, таму стои само една реченица: „Југословенските народи, на слободна волја, се здружуваат на темелот на заедничката борба против фашизмот“. Нема „заеднички јазик“, нема „заедничка култура“, нема „заедничка историја“. Сè она кое ние денес го „трпаме“ во идејата за државата, општеството, а тоа е прашањето за идентитетот, тоа, имено, во Резолуцијата на АВНОЈ го нема. Прашањето за идентитетот таму е потполно апстрактно.

Случувањата околу кои Европа се обедини, мислата, идејата, стихот, зборот, реченицата без која никогаш немаше да постои Европската Унија, ниту Европскиот парламент, ниту Советот на Европа, немаше да постои ниту самата можност да се воспостави заедништвото помеѓу различните култури и јазици, беше борбата против фашизмот. Околу сè друго може да постојат различни мислења, ама околу односот кон холокаустот, нацистичките концентрациони логори, расните закони, истребувањето на цели народи или на самата идеја за нерамноправноста која произлегува од бојата на очите, должината на коските или обемот на главата, за овие работи, различни мислење во Европа нема да има. Ако за овие работи се појават различни мислења, па дури и оправдувања, заедницата ќе се распадне, затоа што нема да ја држат тие мисли, нема да постои онаа верба на која почива и се создаваше Европската Унија.

И што сега ние да правиме со нашите мали локални „наци хрчки“? Да ги емаципираме, да ги вклучиме во институциите на системот? Да ги направиме инклузивни? Да ги толерираме? Искрено речено, на ова прашње немам одговор.

Од друга страна, некој може да рече дека Тито беше диктатор? Јас вака би го дефинирал: не, не беше тоа диктатор, туку партизански водач кој се бореше против Третиот Рајх и против Мусолиниевата Италија, и лидер кој се бореше против усташко-четничката коалиција која секогаш играла на картата на контрареволуцијата.

Утрешниот ден е празник во мојата земја. Утре се слави 11.Октомври, ден кога македонскиот народ ја започнува борбата против фашизмот. Следот на историските настани потоа ги знаеме сите. Прашањето само се изнедрува: што научивме од антифашизмот тогаш, а што научивеме од антифашизмот денес? Во времето на народноослободителната борба против фашизмот, луѓето знаеја да погинат за својата нација и држава, само како би имале нивните деца светла иднина.

Што е денес антифашизмот?

Антифашизмот почнува и завршува со борбата против фашизмот, не само против „нивниот“, туку почнува и завршува со борба против „нашиот“ фашизам.

Антифашизмот е тежок, затоа што претставува една форма на аскеза.

Да ја искористам терминологијата на Марко Милјанов: „југословенските народи дипломираа антифашизам 1945 година – се одбранија себе од фашизмот на другите“.

Тоа и денес ни треба, многу повеќе од било кога порано.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

 

 

 

Next Post

Македонските фудбалери квалификациите за ЕУРО 2024 ги отвораат против Малта

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk