Честитката“ која по повод одбележувањето на Денот на народното востание, 11 Октомври на прилепчани им ја испрати градоначалникот Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ, ќе стаса на први ноември, реагираат од Центарот за комуникации на СДСМ Прилеп.
„Грижата за своите сограѓани, Јовчески и ДПМНЕ ја искажаа преку поскапувањето на сметките за ѓубре за 67%, на водата за 25%, а поскапеа и градскиот превоз, паркингот. До кога прилепчани од свој џеб ќе ја плаќаат неспособноста на Јовчески и партиските директори на ДПМНЕ?“, се наведува во реакцијата.











































































































