ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Камуфлажа

Без разлика на импулсите за релативизација на антифашистичката борба, зајакната сега особено во дезинформациските напади и руската инвазија на Украина. Без разлика на целосното апроприирање, присвојување и ликување со антифашизмот – што се манифестира преку лажните приказни за “денацификацијата” (Путин) па се до наводната одбрана на македонството од т.н. “бугарски фашизам” ( од тукашните реакционерни сили – кои се разбира се во спрега со личноста погоре), сепак, сакам да споделам став со кој целсно можам да се идентификувам, а кој воедно го сметам, нескромно можеби, за патриотски.

October 10, 2022 13:11
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ОПШТЕСТВО
Проф. д-р. Ана Чупеска. Фото: лична архива

Проф. д-р. Ана Чупеска. Фото: лична архива

Share on FacebookShare on Twitter

…”Блајбург е голема трагедија, но НДХ е најголемата трагедија на хрватскиот народ…

Казната е казна, злосторството е злосторство и тоа треба да се именува со вистинско име…

Тоа е трагича работа, но, тоа не ја намалува вредноста на НОБ. …

Тоа беше злосторство и не е оправдано.

Но, со тоа не се доведува во прашање оправданоста на антифашистичката борба.

Исто така, ни НОБ неможе да се доведува во прашање заради Блајбург.

Се знае што е кокошка а што јајце”…

Ова се зборовите на Будимир Лончар, славен партизан и МНР на СФРЈ; преземени од книгата на Тврдко Јковина посветена токму нему.

Во нашата ситуација, слично, кога станува збор на НОБ, треба да се знае што е кокошка, а што е јајце.

И во нашата ситуација, имено, не смее да се релативизира АСНОМ, а секако најмалку смее АСНОМ да се присвојува за сосем спротивните – фашистички цели.

Фашистичката камуфлажа, другар(ки), мора да биде разоткриена. Нашата ситуација изискува едно радикално вистинито комеморирање на НОБ, што би подразбирало пред се изворен антифашистички рефлекс соодветен на актуелните глобални , регионални, национални и локални околности. Изискува одговорност!

Присетувајќи се на 11ти Октомври, всушност имаме одговорност да се присетиме на борбата за слобода и суверенитет остварена преку антифашистичката коалиција на прогресивните сили. Но, уште поважно е да се присетиме и на тоа дека таа борба никојпат не била борба против конкретни нации, против некој културен идентитет, против некоја етничка група.

Во тоа е впрочем клучната разлика меѓу фашизмот и антифашизмот!

Затоа што фашизмот ги мрази разликите, а антифашизмот ги слави и ги обединува во хуманистички корпус на вредности. Антифашизмот ослободен е од приказните за супериорност на едни народи во однос на други. Фашизмот тоа не е, напротив!

Затоа и 11 Окт. неможе и несмее да биде толкуван ниту како просрпски, ниту како антибугарски… Нападот врз полицискиот участок се случил не затоа што внатре во полициската станица имало “Бугари”, туку затоа што тие лица таму биле фашисти, биле агресори, биле окупатори… Тоа е таа битна финеса на која треба да и се посветиме.

Што е поентата, да скратам.

Антифашистичкиот 11ти Окт., е цивилизациски блесок поврзан со заштитата и одбрана на македонската држава. А како таква, македонската држава не била концепирана и замислена да го третира било кој етнички идентитет како супериорен или инфериорен.

Антифашистичката борба и денес е нужност, и таа ќе треба да вклучи сериозна и сеопфатна декамуфлажа на фашизмот (осоебно кај дезинформациите). Мора да се знае, што е кокошка а што јајце, Другар(к)и. Неможе да се нарекувате антифашисти ако мразите други народи , нации и култури. Неможе да се нарекувате антифашисти ако сте суперматисти, ако блуете говор на омраза, ако ширите дезинформации со кои поттикувате ксенофобија, или конспирирате инциденти како кумановскиот, бекатонскиот или оној 27ми Април…Камуфлираниот фашизам, да заклучам, неможе и несмее да биде опција за македонската држава. Да ни е вечен празникот, а борбата успешна.

Ана Чупеска / Либертас

Next Post

(ВИДЕО) Колева: 350 милиони евра помош за граѓаните, 6.000 денари за четири месеци за 92.000 пензионери

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk