ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Зоран Кардула именуван за витез на културата на ЦСЛУ Прилеп за 2022

October 11, 2022 09:30
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изложбата „Војна на ѕвездите и Македониум“ на Зоран Кардула во Центарот за современа ликовна уметност во Прилеп предизвика  огромен интерес кај публиката на вечерашното  отворање. Обмислено и реализирано како едно поинакво презентирање на модерната уметност на Кардула инспирирана од култната серија „Војна на ѕвездите“ , настанот ја разбуди љубопитноста за мултимедијално уживање кај публиката, пишува Радио Пела.

Деца од основните училишта, тинејџери, студенти, повозрасна генерација кои биле или сеуште се вљубеници на серијата, уживаа во современите уметнички дела на Кардула пренесувајќи трансвременска енергија споена со современиот македонски  симбол во Крушево, споменикот Македониум.

Зоран Кардула не е само еден од најпозитивните современи македонски артисти, тој е дигитален архивар, дигитален патописец или на крушевски кажано – касела, од чија што работилница излегуваат работи кои што се многу важни  за она што го нарекуваме заедничка колективна меморија на локалната заедница, која што е многу важна за колективната културна меморија. Има неколку работи зошто мислам дека Кардула е заеднички уметнички артист архивар. Тој преку тоа што го работи не’ потсетува дека вчера на пример е роден Михајло Пупин, кој е тој, која е Милена Дравиќ…Тој ги доближува, ги реактуелизира хероите од времето на Југославија, асномската Македонија, како што се Вера Ацева, Елпида Караманди, 18 жени учеснички во Шпанската граѓанска војна, жените од  Дахау, и тој многу такви моменти заштитува од заборав “ посочи Звонко Димоски, уметнички критичар и модератор на настанот.

И како што беше најавено, Зоран Кардула беше прогласен за прв витез на културата на ЦСЛУ за 2022 година.

„Витештво за култура се доделува за видни, поривни достигнувања во матичната дисциплина инкорпорирани во сродни, навидум неспоиви уметнички текови, а бидува при тоа и тивок навидум, јасен коментатор на општествено социјалните случувања во прилог на нови дострели, децентрализација на уметноста и заштита на локалното делување“, стои во прогласот за доделување на витешкиот медал.

За прв пат во Прилеп на изложбата беа презентирани холограми за што се погрижи Orengs, секако инспирирани од Војна на ѕвездите. А дека уметноста ги спојува  различните текови доказ беа ликовниот уметник Александар Џинго, актерско музичкото дуото ВолЧело, Трет Сектор надополнето со гастрономско уживање од локалниот бренд Бавчика.

Изложбата „Војна на ѕвездите и Македониум“ на еден од најпознатите македонски графички дизајнери, сликарот Зоран Кардула на големо задоволство на вљубениците на современата ликовна уметност ќе биде на „дофат“ во Центарот за современа ликовна уметност во Прилеп нареднава недела.

Извор: Радио Пела

 

Next Post

(ВО ЖИВО) Одбележување на 11-ти Октомври - Ден на народното востание, пред Спомен Костурницата во Куманово

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk