ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Системот на социјална заштита ги апсорбира ранливите категории граѓани, но целта е нивна активација на пазарот на труд

October 13, 2022 22:13
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

„Како што успешно се справивме со кризата предизвикана од пандемијата верувам дека успешно ќе се справиме и со економско-енергетската криза. Социјалниот систем и реформите покажаа дека во време на криза системот е отворен и стабилен и може да ги апсорбира сите граѓани на кои им е потребна поддршка се до нивно активирање на пазарот на трудот,“ посочи министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во телевизиската дебата на Клан ТВ.

Министерката зборуваше и за подготовката на планот со мерки и препораки на Владата за штедење во јавен сектор, при што појасни дека  не се работи за намалување на платите во јавниот сектор , туку за изработка на методологија за плати во јавен сектор, поради неусогласеноста на исти работни места во различни институции да се примаат различни плати.

„Станува збор за системско решавање на платите во јавниот сектор, на начин како што ги решивме минималната  плата и пензиите, систем кој ќе гарантира дека пензиите и минималната плата ќе растат со порастот на просечната плата и трошоците на живот,“ рече Тренчевска.

Во однос на останатите препораки за штедење, министерката истакна дека сите треба да се однесуваат како дома, како и дека се прави оптимизација на вработените  во јавниот сектор, преку  функционална анализа за секоја институција за искористеност на вработените, нивно подобро распоредување и подобро функционирање. Мерки кои ќе овозможат штедење и вложување во економијата и полесен излез од економската криза.

„Недостатокот на работна сила и иселувањето е проблем и во многу развиени држави. Како Влада и Министерство имаме план за активација на граѓаните на пазарот на труд. Материјално необезбедените граѓани системот за социјална заштита ги прима, но ако ги оставиме ги правиме пасивни и ја развиваме сивата економија. Реформите од 2019 година се насочени примателите на Гарантирана минимална помош да не ги држиме во системот туку да ги активираме на пазарот на труд. Најголем број од приматели на  ГМП се работната сила која недостига. Затоа, преку изработка на индивидуални планови за примателите на ГМП од страна на Центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување, преку обуки, доквалификации, преквалификации се активира највработливиот член во семејството,“ истакна Тренчевска.

Министерката потенцираше дека за Владата социјалниот дијалог е еден од приоритетите. Со вклученост на претставници на работниците, синдикатите и работодавачите подолго се работи на новиот Закон за работни односи. Закон кој претставува Устав во работните односи. По финализирање на драфт верзијата, за него ќе се отвори широка дебата со вклученост на сите релевантни актери. Таа се осврна на потпишувањето на новиот колективен договор со СОНК, со кој се нудат дополнителни поволности за давателите на услуги во детските градинки.

Таа порача дека дијалогот меѓу Владата, претставниците на работниците, синдикатите и работодавачите  продолжува, затоа што тој е важен и за креирање на нови мерки и од кои придобивка имаат сите граѓани.

„Новите мерки на Владата кои се однесуваат на социјално ранливите категории се креирани во соработка со граѓанските организации кои работат непосредно со лицата со попреченост и социјално ранливите и верувам дека во пресрет на грејната сезона, приходот кој ќе влезе во нивниот домашен буџет ќе биде од помош за полесно пребродување на зимата,“ посочи Тренчевска.

 

Next Post

Тренчевска за КланТВ: Вработените во градинките со нови права, потпишан е колективниот договор

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk