ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шутаров: ВМРО-ДПМНЕ и градската власт да одговорат зошто долгот на ЈСП за една година се зголеми за цели еден милион евра

October 20, 2022 16:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советникот на СДСМ Гордан Шутаров на вонредната седница на Советот на Град Скопје, истакна дека СДСМ ќе гласа за иницијативата за пренамена на буџетските средства во висина од 133 милиони денари и најави дека ќе биде побаран отчет и одговорност за работата на ЈСП како и одговори на прашања кои јавноста треба да ги знае.

Ние ќе ја поддржиме оваа иницијатива за пренамена на средства за да можеме да им овозможиме на вработените, коишто чесно и вредно си ги заработиле своите плати да можат да им се исплатат и скопјани повторно да имаат јавен превоз, нагласи Шутаров.

Тој запраша колку од овие 133 милиони денари се предвидени за плати, односно дали се предвидени за плати до крајот на годината и дали во овие 133 милиони денари влегува и долгот кон приватните превозници, кој го има ЈСП во висина од 60 милиони денари, бидејќи и тие излегоа со определени барања, ако не им се исплатени средствата за превоз.

Граѓаните имаат право да знаат зошто долгот на ЈСП за една година се зголеми за цели 1 милион евра, дали има потпишано анекс на договорот за набавка на нафтени деривати каде што дериватите се поскапи за 5,6 денари по литар, рече Шуратов.

Тој додаде дека директорот на ЈСП треба на ова да одговори и конечно да одговори на прашањето кои се тие 20 луѓе коишто упорно од сабајле ја попречуваат норамалната работа на ЈСП за да не може ЈСП денеска да извршува јавни услуги.

Советникот Шутаров побара информација во каква состојба е градскиот буџет.

Каква е фактичката состојба на буџетот на Град Скопје и дали има пари за оваа намена, без да се наруши балансот и континуитетот на работата на градот, а со оглед на тоа дека најголем дел од средствата се кратат од ставките изградба на улици и патишта и реконструкција на улици и патишта дали тоа значи дека започнати проекти ќе бидат запрени или определени најавени проекти, воопшто нема да доживеат почеток, рече советникот на СДСМ во Град Скопје Гордан Шутаров.

Next Post

Русковска: Барањето за изземање на Обвинителството нема да го смени текот на судскиот процес за „Организаторите на 27 април“

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk