ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи во Берлин на средба со британскиот министер за Европа Лео Доерти

October 21, 2022 11:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Берлин, на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите во рамки на Берлинскиот процес, имаше билатерална средба со државниот министер за Европа во британското Министерство за надворешни работи Лео Доерти.

Заеднички беа поздравени силните економски односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, кое е наш втор најголем трговски партнер и еден од најголемите странски директни инвеститори во нашата земја, особено интензивирани со потпишувањето на билатералната Спогодба за трговија, партнерство и соработка, соопшти МНР.

Османи го брифираше Доерти за отпочнатите преговори со Европската Унија и идните чекори, ставајќи акцент на високата подготвеност на земјата за успешен и брз преговарачки процес. Министрите изразија задоволство од историскиот чекор со кој Република Северна Македонија ги започна преговорите, изразувајќи надеж за успешни преговори со цел полноправно членство во Унијата.

– Османи и Доери разговара и за улогата и значењето на новата Европска политичка заедница, што претставува добар одговор на геополитичката закана од руската агресија врз Украина. Изразувајќи задоволство од одржаниот прв состанок во Прага, министрите се согласија дека новата политичка заедница не е замена за политиките на ЕУ, вклучувајќи го тука и процесот на проширување кој не е загрозен.

Двајцата соговорници се осврнаа и на актуелните политички состојби во земјите од Западен Балкан и улогата на Обединетото Кралство во овој контекст. Османи информираше и за подлабоката улога на земјава во регионалните политики, како и за подготовките за претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, се вели во соопштението од МНР.

Next Post
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Васко жабата

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk