„Различности, (не)дискриминација и искуства“ е темата на која ќе се отворат прашања на панел дискусијата на ЦИВИЛ, што ќе се одржи во Прес студиото на организацијата.
Учесници на панелот се Даниел Петровски од Здружението Романо Ило, Фари Хисени портпарол на општина Чаир и Бојан Петровски од Асоцијација за политики и активизам. Настанот ќе го модерира Дијана Тахири од ЦИВИЛ.
Различни култури, различни општини, различни искуства во справување со дискриминацијата на локално и државно ниво е темата на која ќе дадат свои видувања учесниците на панелот.