ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Нуредини: Депонијата Русино станува пример како невозможното станува возможно

November 1, 2022 14:33
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини , денес заедно со швајцарската амбасадорка Вероник Улман и градоначалниците на деветте полошки општини направија  теренска посета на регионалната депонија Русино за да  направат увид во напредокот на активностите реализирани во рамки на проектот за Интегрирано управување со отпад финансиран од швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO).

Министерот Нуредини истакна дека првата фаза од проектот која вклучува реализација на интервентните мерки на депонијата Русино е успешно имплементирана, што е услов за преминување кон  втората фаза – градење на инфраструктура и воспоставување на системот за управување со отпад. За оваа фаза од големо значење е  донесување на Предлог-законот за заем од ЕБОР, со што ќе им се помогне на општините да инвестираат во воспоставување на системот.

„Ова е првата фаза којашто завршува, а втората фаза е продолжување на инвестицијата за собирање на отпад од целата држава. Ние како Министерство изготвивме Предлог-закон за заем од ЕБОР. Постапката за овој Предлог-закон по поминати 5 месеци е се уште во собраниска постапка. Со усвојување на Законот  ќе се овозможи достапност до средствата што ќе бидат инвестирани во базична инфраструктура. Општините за жал немаат финансиска моќ сами да инвестираат и сите сме свесни за тоа.  Преку средства од заем ќе им помогнеме на општините. Многу е важна соработката меѓу општините од регионот, како и соработката со централната власт, со цел еднаш и засекогаш да се реши проблемот со собирање и управување со отпадот”, истакна министерот Нуредини.

Швајцарската амбасадорка Вероник  Улман истакна дека со реализацијата на овој проект се постигнати видливи резултати како за животната средина, така и во однос на заштита на здравјето на граѓаните.

„Денеска можев да видам дека со швајцарската инвестиција за неколку месеци всушност направивме огромна разлика, по она што го видов за време на претходните посети. Физичката работа, работата на машините, работата на тимот овде навистина направи голема разлика за животната средина, за јавното здравје и секако за луѓето од општините од Полошкиот регион. Сега, како што рече Министерот, оваа прва фаза од проектот ќе заврши на крајот на декември, а се надеваме дека втората фаза може да започне доколку Законот за заемот од ЕБОР помине во Собранието. А со тој Закон треба да имаме и грант од швајцарската влада”, рече Улман

По теренската посета на Русино се одржа и работилница на која беа презентирани главните резултати од проектот, преглед кон понатамошниот развој на системот за управување со цврст отпад за Полошкиот регион, како и одржливоста на ЗЈП Русино. Министерот Нуредини истакна дека успешната имплементација на овој регионален систем за управување со отпад ќе послужи како пример и поттик за другите региони во земјата да воспостават ваков систем на управување со отпад како вистинско и најдобро решение, истакнувајќи дека ова е резултат на интензивна работа на Министерството во изминатите години.

„Соодветното, современо и одржливо управување со отпадот беше предизвик за нашата држава долги години. Процесот беше долг, но важно беше да се гради на цврста основа. По 5 години заедничка работа на Министерството за животна средина и просторно планирање со претставниците од 9 општини од Полошкиот регион, претставниците од швајцарската амбасада, локалните и странски консултанти, има сериозен напредок во однос на решавање на прашањето за управување со отпадот. Новите шест закони за отпад се ориентирани кон принципите на циркуларна економија и превенција на отпадот, односно повторна употреба, рециклирање и преработка. Со нив точно ги дефинираме обврските на локалната самоуправа, производителите на отпадот, приватните субјекти и граѓаните, за да добиеме еден функционален систем кој ќе биде имплементиран соодветно и во пракса”, истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во своето излагање

Next Post

Ковачевски за „BBC“: Европската Унија не е целосна без Западен Балкан

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk