ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

November 3, 2022 16:39
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Температурите во Европа се зголемени повеќе од двапати од глобалниот просек во изминатите 30 години, покажа нов извештај.

Зголемувањето во просек изнесуваше 0,5 степени Целзиусови секоја деценија помеѓу 1991 и 2021 година, според годишниот извештај за состојба на климата во Европа објавен од Светската метеоролошка организација (СМО) и Коперник, програма на Европската унија за набљудување на Земјата.

– 2021 година прикажа жива слика на светот кој се загрева и не потсети дека дури и оние општества кои ги сметаме за подобро подготвени не се безбедни од сериозните влијанија на екстремните временски настани, напиша генералниот секретар на СМО, Петри Таалас во предговорот на извештајот, истакнувајќи ги рекордните поплави и шумски пожари кои го погодија континентот минатата година.

Повеќе од половина милион луѓе беа „директно погодени“ од големи временски и климатски настани, главно бури или поплави. Според извештајот, предизвиканата штета е повеќе од 50 милијарди долари. Во извештајот се забележани екстремно високи температури и топлотни бранови, вклучувајќи го и европскиот топлотен рекорд од 48,8 степени Целзиусови измерени на Сицилија во август 2021 година.

Зголемувањето на температурите има значително влијание и врз европските глечери. На Алпите е регистрирана загуба од 30 метри дебелина на мразот помеѓу 1997 и 2021 година, а топењето на ледената покривка на Гренланд придонесе за глобално зголемување на нивото на морето.

Оваа година во Европа беа урнати неколку температурни рекорди, а Англија и Франција го доживеаја најсушниот јули досега. Британија ја забележа највисоката температура досега, 40 степени, а глечерите се топат со невидена брзина.

Екстремни временски настани беа забележани и во текот на зимата, при што невообичаено обилен снег ги погоди Шпанија и Норвешка, а неочекуван студен бран предизвика сериозна штета на лозјата и другите земјоделски култури во зимата 2021 година.

Во меѓувреме, светските лидери и дипломати се подготвуваат за овогодишниот самит на ОН за климатски промени, познат како ЦОП27, во египетското одморалиште Шарм ел Шеик.

Таалас ја повика Европа поактивно да се посвети на поставените цели во борбата против климатските промени и ја нагласи важноста од ограничување на „зголемувањето на глобалната температура на значително под 2 Целзиусови степени, додека продолжуваат напорите да се ограничи зголемувањето на 1,5 степени, како што е наведено во Парискиот договор“

Next Post

(ВИДЕО) Локвенец: Железничката инфраструктура е препознаена капитална инвестиција од страна на Владата и на ЕУ

EVN

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

April 18, 2026
Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk