ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

(ВИДЕО) Локвенец: Железничката инфраструктура е препознаена капитална инвестиција од страна на Владата и на ЕУ

November 3, 2022 17:20
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за Фронтлјан, директорот на македонски железници Инфраструктура, Хари Локвенец, коментирајќи го предлог буџетот за идната година што го претстави министерот Фатмир Бесими, вели дека железниците се една од приоритетните капитални инвестиции кои во вкупната предвидена сума од 800 милиони евра влегуваат со 250 милиони наменети пред сè за патната но и за железнилката инфраструктура од Kоридорот 8.

„Во буџетот, во проекцијата  многу сериозно се зедоа железниците како една од инвестициите кои најмногу можат да придонесат индиректно кон развојот на локалната економија. Инвестициите во железницата се предвидливи и оваа Влада ги доведе во состојба да бидат предвидливи.

250 милиони евра се предвидени за патната и за железничката инфраструктура за Коридорот 8. но за мене најважно е што Владата покажува желба, волја но и активности во целост да ги финансира проектите во железницата. Тоа подразбира дека целосно ќе бидат финансирани изведените работи на веќе започнатите изведувачи за првата и втората фаза и ќе бидат финансирани почетокот на работите за третата најважната етапа…“, вели Локвенец.

На прашањето колку европските пари помогаат за изградба на Коридорот 8 и дали тоа има врска со македонските аспирации за членство во Унијата како и почетокот на преговорите, Локвенец со став:

„Сите ние како Македонци и како граѓани треба да се гордееме со последниот пример на грант средства кои ЕУ ги додели за МЖ односно за македонската држава, поврзани со третата фаза со предвидена проектна вредност од 405 милиони евра, ние добивме во два наврати пред неколку години 61 милион евра од ЕУ и сега пред неколку месеци доплнителни импозантни 155 милиони евра грантовски, поклон, или вкупно 216 милиони евра што во релативни бројки како сооднос од проектираната вредност на проектот и грантовските средства тоа е повеќе од 50 %. Ако искуствено можеме да зборуваме дека досега немало земја кандидат за членство во ЕУ која во тој процес добила повеќе од 30% грант средства како дел од некој проект, тогаш сите ние можеме да бидеме не само здоволни и горди на нашето работење, туку и на препознавањето од страна на ЕУ на искрена желба не само железниците, туку целата држава да оди напред користејќи ги сите шанси од ЕУ“.

Љубиша Николовски

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Next Post

(ФОТО) Ковачевски од Берлин: Западниот Балкан има европска иднина, силна поддршка од ЕУ за регионално поврзување и справување со енергетската криза

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk