ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Отворен Балкан како реаниматор за Берлинскиот процес

November 4, 2022 10:59
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ 

Отворен Балкан делуваше како дефибрилатор за Берлинскиот процес. Го реанимираше и го врати во живот после две години „контролирана кома“. „Чудото“ ги охрабри Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, заедно со Албанија, Србија и Северна Македонија, да стават потписи на три важни договори за продуктивна регионална соработка: Договорот за слобода на движење и престој на граѓаните, односно за меѓусебно признавање на личните карти; Договорот за признавање на академските квалификации и Договорот за меѓусебно признавање на стручните квалификации за лекари, стоматолози и архитекти.

Тоа вчера во Берлин не претставуваше никаков проблем за Сараево, Приштина и Подгорица, иако поволностите од истите договори веќе во голема мерка беа утврдени, и веќе беа аплицирани во форма на договори во рамките на Отворен Балкан.

Како и да е, Самитот во Берлин треба да се гледа од аспект на придобивките за граѓаните од регионот. Тоа е многу поважно отколку на кои актери во овие два процеса ќе им биде припишано, или ќе си го припишат ова остварување.

Се докажа дека Отворен Балкан и Берлинскиот процес се комплементарни процеси коишто се надополнуваат, или, ако сакате, уште повеќе и си ја помагаат взаемно виталноста.

Тоа значи дека ниту еден од овие два процеси не го загрозува другиот и дека и двете иницијативи треба да продолжат да постојат, да работат и да иницираат што е можно повеќе иницијативи за регионална соработка. Тоа треба да биде бидејќи Отворен Балкан покажа дека тоа го бараат и граѓаните на регионот.

Зошто она што Отворен Балкан нема да стигне да го сработи да не биде преземено и обезбедено од ЦЕФТА, од Регионалниот совет за соработка, од Берлинскиот процес, од Регионалната канцеларија за млади, од Регионалната стопанска комора на Западен Балкан, а секако и обратно.

Наместо монопол во регионалното поврзување кое никому нема да му донесе ништо добро иницијативите треба да се помагаат меѓу себе, да се натпреваруваат со идеи и со ефикасност во позитивна смисла.

Треба да прифатиме без никаква скепса дека Западен Балкан е регион со неисцрпни можности и затоа секоја добронамерна регионална иницијатива е добредојдена.

Во однос на темите на помирувањето на Балканот, дали бриселскиот договор меѓу Србија и Косово ќе си ја најде својата имплементација преку Отворен Балкан или преку Берлински процес е ирелевантно. Многу порелевантно е дека ваквите иницијативи се плодна почва за историски поместувања напред за што во регионот постои и насушна потреба и за создавање на таков амбиент и Отворен Балкан и Балканскиот процес имаат сериозни потенцијали.

Во Берлин вчера ова го потврдија и германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен.

Шолц изрази уверување дека е „време да се надминат внатрешните конфликти“ и дека „Берлинскиот процес не само што може да го ослободи потенцијалот на регионот, туку и да го забрза неговиот пат кон Европската унија“, додека пак фон дер Лајен порача дека е добро да се видат сите партнери од Западен Балкан во Берлин и дека „тука сме за да ја продлабочиме економската соработка почнувајќи од енергетиката“.

Шолц од Берлин испрати уште една силна порака којашто треба да ја слушнат некои наши дипломати, кои, да им се чудиш на паметот, како паракити уште мантраат дека Отворен Балкан и Берлински процес се „само замена за членство на земјите од Западниот Балкан во Европската Унија“.

Наспроти овие дезинформатори Шолц изјави дека граѓаните од регионот можат да сметаат на Германија и дека „заедничката иднина без граници е клучна за Западен Балкан“.

На она за што се залага Берлинскиот процес, според зборовите на Шолц, како итен одговор поради заканите по безбедноста и слободата во Европа поради агресијата на Русија, беше во повеќе наврати предупредувано за време на претходните самити на Отворен Балкан.

Отворен Балкан, како и Берлинскиот процес, е заложба за стабилен регион, за владеење на мирот, за соработка и за економски развој и автохтона иницијатива за европеизација на регионот, со една и единствена цел Западен Балкан да стане дел од Европската Унија, сега веќе е и како стратешко и безбедносно прашање.

Оттаму, целта Северна Македонија да стане членка на ЕУ во 2030 година, веќе и не е толку невозможна мисија.

Извор: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Јапонија не попушта пред заканите на Трамп за царини: „Нема да дозволиме да бидеме искористени“

July 11, 2025

Извештај на ОН вели дека нема врски меѓу сириските власти и Ал Каеда

July 11, 2025

Шеесет и шест жртви во израелските напади врз Појасот Газа

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk