ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски препорача договор за национално единство за ЕУ и очекува одговорност од сите

November 7, 2022 16:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Конечно после 17 години гордо можеме да кажеме дека сме земја која ги започна преговорите со ЕУ. Вложивме многу труд за да стигнеме до оваа фаза. Имавме многу предизвици, требаше да се носат тешки одлуки. Но, истовремено знаевме која е целта – НАТО И ЕУ, две стратешки цели кои сме должни да ги исполниме“, рече премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претседателите на парламентарните партии.

Тој додаде дека земјава последните пет години направи крупни чекори и успеа да се докаже како достоен НАТО и ЕУ партнер.

Еден од тие чекори беше и Европскиот предлог кој го добивме летово, за време на француското претседателство. Свесни за сите негови предности и слабости го препознавме како можност за деблокирање на процесот и придвижување напред. И самите бевте сведоци, го усвоивме во Собранието во атмосфера на тешка седница, тензии и недоверба, рече Ковачевски.

Премиерот по лидерската средба додаде дека заклучоците донесени во Собранието гарантираат почеток на преговорите со ЕУ и скрининг процесот со гарантиран јазик и идентитет и гаранција дека историските прашања се надвор од преговарачката рамка.

Отворањето на преговорите е огромен успех за сите нас. Процесот е конечно започнат и сега е важно да напредуваме во реформите, заради граѓаните и заради градење на европски институции кои ќе работат по европски стандарди и принципи. Низ преговорите ќе ни се отвараат повеќе фондови, а на долг рок – бенефитот ќе го имаат нашите граѓани, уверува Ковачевски.

Тој исто така кажа дека државата доби позитивен Извештај од Европската комисија, прв после отворањето на преговорите.

Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2022 година е цитирам ‘добро ниво на подготвеност’. Во околу 90 отсто од областите имаме делумна или добра подготвеност, изјави Ковачевски по средбата.

Според него отворањето на преговорите е огромен успех за сите и важно е да се напредува во реформите, поради граѓаните и градењето на европски институции кои ќе работат по европски стандарди и принципи.

Премиерот Ковачевски истакна дека со првата меѓувладина конференција со која започнаа преговорите, со почетокот на скринингот и потпишувањето на Договорот со Фронтекс на македонски јазик без никакви додавки, ѕвездички и фусноти сме добиле потврда за заложбите за европска иднина.

Сите ние добивме потврда дека македонскиот јазик е заштитен и е на исто рамниште со останатите јазици во Европа. Фронтекс договорот е првиот и единствен договор кој е одобрен од сите 27 земји, договор на кој сме ставиле потпис, а на кој стојат имињата на сите јазици на ЕУ. Овој договор беше блокиран од страна на Бугарија токму заради македонскиот јазик, но, со отпочнувањето на преговорите, ЕУ исто како и ние се докажа како партнер од доверба кој ги исполнува ветувањата, рече Ковачевски.

Во својот говор, тој порача дека мора да покажеме зрелост како држава, мора да покажеме демократски капацитет и да останеме на европскиот пат низ годините пред нас. Ковачевски потенцира дека треба да се почне нова приказна во која Северна Македонија станува европска земја, земја со закон, ред, систем, иднина, подобар живот.

Како што посочив и на средбата, СДСМ е посветен на таа приказна. Исто така посочив дека сега е исклучително важно е да се постават приоритетите правилно. Првиот приоритет е она што е од интерес на државата и сите граѓани, а тоа е продолжувањето по европскиот пат. Потоа следат интересите на политичките партии. И тој е редоследот и концептот – на прво место е и секогаш ќе биде интересот на државата, И тука нема дилема, вели Ковачевски.

Премиерот истакна дека членството во ЕУ е врвен национален интерес и така треба и да се третира.

Очекувам во наредниот период, сите да сме на ниво на задачата, да дадеме сѐ од себе и да ги приоритетизираме работите по вистинскиот редослед и концепт, и максимално да дадеме свој придонес. Нашата единствена алтернатива е ЕУ. Треба да го искористиме поволниот период кој го имаме пред нас, да ја искористиме поддршката која ја добиваме во моментов, и да обезбедиме за граѓаните, за сегашните, за идните генерации, европска и побогата иднина, изјави Ковачевски.

Како што нагласи, граѓаните треба да знаат дека процесот на европеизација не е проект на една поединечна политичка партија. Премиерот додаде дека од Собранието мора да се испрати пораката дека тоа е национален проект, проект во кој мора сите да дадат свој придонес, бидејќи се работи за државата, и за граѓаните.

Пред нас стојат многу предизвици, а она што го нагласив и денес пред претседателите на парламентарните партии е пред сѐ потребата за непречено функционирање на Собранието, бидејќи истото е исклучително важно за нашиот европски пат. Потребно е да се вклучат сите партии, сите пратеници и да се одблокираат процесите, за да може да имаме поефективни решенија, особено за законите кои се однесуваат на судството, кои се важни и за владеењето на правото како постулат, важни се за нашиот европски пат, но уште поважни се и за враќањето на довербата на граѓаните во судската власт, истакна Ковачевски.

Тој се осврна и на одговорноста што партиите ја имаат во процесот. Ковачевски потенцира дека Владата, но и СДСМ како владејачка и државотворна партија се отворени за соработка за сите решенија кои ќе придонесат за да се постигнат тие цели. Ковачевски нагласи дека инклузивност и обединетост по прашањето на евроинтеграцијата е повеќе од потребно.

Потребна ни е инклузивност и по темата за ЕУ секако, а не терен за политички борби и пресметки. Не смееме да дозволиме уставните измени на кои се обврзавме со европскиот предлог со заклучоците од Собранието, да бидат пречка која самите ќе си ја поставиме. За прв пат одлуките зависат само од нас, а блокадата ако се случи, ќе ја направиме ние. Вие веќе знаете, доколку ги изгласаме уставните измени, автоматски одиме понатаму, се отвораат кластерите, без потреба од нова одлука и без можност за нова блокада од Бугарија. Треба да бидеме мудри и да го искористиме поволниот момент и атмосфера која ја има во ЕУ во наша полза. Треба да сме свесни дека живееме во турбулентен политички, економски и безбедносен период. И да препознаеме дека сега имаме отворена врата и сега имаме подадени раце од нашите партнери, рече Ковачевски.

Според него треба да се покаже политичка волја и капацитет за да се валоризираат сите досегашни заложби и напори и во најбрз можен рок да станеме членка на ЕУ.

Не е време за поделби, никој нема корист од тоа. Сега е вистински момент да се искористи шансата и со полн капацитет да ја реализираме поставената цел. Затоа и напоменав дека од корист ќе е формирање собраниска група за европски реформи која врз основа на Извештајот на Комисијата и скрининзите ќе се погрижи реформите поврзани со ЕУ преговорите да не бидат блокирани и да не доцнат. Националниот совет за евроинтеграции претседаван од опозицијата треба да биде вистинското место за тоа. Комисијата за европски прашања во секој случај си ја задржува својата важна законодавна улога. Потребен ни е Договор за национално единство за ЕУ кој ќе ги покаже искрените намери за европеизација на општеството и полноправно членство во ЕУ, потенцира Ковачевски.

Инаку, на средбата присуствуваа лидерите на ДУИ Али Ахмети, на ДОМ Маја Морачанин, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на Алтернатива Африм Гаши, на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, на ДПА Мендух Тачи, на Алијанса на Албанците Арбен таравари, на ВМРО-НП Љупчо Балковски, на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ, на НСДП Горан Мисовски, на ГРОМ Стевче Јакимовски, на Социјалистичката партија Љупчо Димовски, на ЛДП Моника Зајкова, на Партијата на пензионерите Илија Николовски… На средбата не се појавија претседателите на Левица Димитар Апасиев и на Беса Биљал Касами.

Next Post

(ВИДЕО) Николовски: Остваривме уште едно ветување кон жените земјоделки, доделени грантовите до 6.000 евра за мерката Рурална жена

Shortcut

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

June 7, 2026

Александар Зверев го скрши проклетството: Конечно Грен слем шампион со триумф на Ролан Гарос!

June 7, 2026

32 Конгрес на СДСМ: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

June 7, 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

June 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk