РИБАРО
Неколку вмровски градоначалници, утрово се жалат дека добиле труење после вчерашниот панаѓур во Холидеј Ин, што како отчет од една година вмровски градоначалници го организираше Мицкоски во Скопје.
Градоначалниците, како што дознава екипата на АХА, се жалат на шпицни болки во пределот на абдоменот и тежина во вилиците од 365 дена импозантната статистика и импозантни резултати презентирани вчера.
Лекарите со кои контактираше АХА, велат дека најверојатно станува збор за нагло пренамагање на градоначалниците на панаѓурот наречен Саем на вмровски промени и истакнуваат дека тежината во вилиците брзо ќе им помине зашто се научени да голтаа со широко отворени усти и поголем срам од вчерашниот. За шпицната болка, пак, лекарите велат дека ќе ги помачи подолг период, или, сè дури сами не го увидат и отстранат изворот на шпицната мачнина, што го детектирале но не сакаа да го именуваат.
Од ВМРО-ДПМНЕ изненадени од кревкоста на нивните градоначалнички пулени, најавуваат темелна истрага.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK