ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николоски: Покажавме дека се грижиме за вработените, во 2023 има средства за зголемените плати од годинава и за усогласување со минималната плата

November 9, 2022 11:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Предлог-буџетот за 2023 година точно и прецизно се планирани средства за плати согласно растот на минималната плата и усогласувањето кај останатите вработени, содржи 250 милиони евра за справување со кризата, средства за зголемените пензии, а ѕвезда водилка на овој Предлог-буџет ќе бидат капиталните инвестиции.

Ова го истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски во гостување на 24 Анализа на ТВ 24, каде потенцира дека предложениот буџет за 2023 е директен одговор на предизвиците од кризата, и оти претставува слика на мерките и политиките што ги носи Владата, односно ќе ги носи во следната година. Предложениот Буџет, вели, предвидува макроекономска стабилност и фискална консолидација.

-Три клучни работи има во Предлог-буџетот за 2023 година. Прво и основно е дека одвоивме 250 милиони евра како поддршка за справување со кризата во која сме и која најверојатно ќе трае и во првата половина од следната година. Второ, одвоени се дополнителни средства за пензионерите, односно масата пари за Фондот е зголемена за 120 милиони евра, што е уште една потврда дека оваа Влада се грижи за пензионерите, бидејќи знаеме дека оваа година досега пензиите се зголемија за десеттина проценти, а веќе во март наредната година ќе има дополнителни уште најмалку 6 отсто зголемување. И трета важна работа е сумата, односно износот на капиталните расходи кои се планирани на ниво од 800 милиони евра, кои ќе бидат силен поттик на економијата, истакна заменик-министерот Николоски.

Тој потенцира дека зголемувањата на платите во оние сектори кои беа направени во оваа година се пренесуваат и во идниот буџет.

-Оваа година се грижевме за најголемиот дел од вработените. Се зголемија платите во образование за 15 отсто за над 37000 вработени, потоа во МВР за 12000 вработени 5 отсто, во културата за 3500 вработени 30 отсто, во судството над 2600 вработени 15 отсто, за 20.000 вработени во здравството 5 отсто, што се надополнува на оние зголемувања на платите во претходните години од 15 и 20 отсто. Потоа во високото образование 7 проценти за 4000 вработени… Тоа се над 80 илјади вработени во јавниот сектор. Дополнително линеарно зголемување ќе има уште кај 25 илјади вработени кај кои во платата една од компонентите е минималната плата, рече Николоски.

Тој додаде дека со воспоставениот модел за раст на минималната плата во март таа ќе порасне за 10 отсто и ќе достигне речиси 20.000 денари, односно, како што потенцира, во март годинава беше 15.200 денари, а во март следната година ќе достигне 20.000 денари што е за 31 проценти раст, а во однос на нивото од пред шест години има раст од 100 отсто.

Во однос на капиталните расходи за буџетот во 2023 година,  тој нагласи дека ѕвезда водилка ќе бидат капиталните инвестиции и оти очекува поголема реализација на проектите што би достигнала минимум 90 отсто.

-Во 2023 година ѕвезда водилка ќе бидат капиталните инвестиции. Голем дел од инвестициите од оваа година се  пренесоа за реализација во наредната година. Очекувам минимум 90 проценти реализација.  Од оние 800 милиони евра предвидени над 40 проценти се за инфраструктура пред се Коридорот 8 и Коридорот 10 Д, потоа автопатски делници Тетово-Гостивар, Требениште-Струга, железничката пруга кон Бугарија и други, потенцира заменик-министерот за финансии.

Во гостувањето заменик-министерот се осврна и на даночната реформа, за која рече дека не станува збор ниту за нови даноци, ниту за зголемување на даноци.

-Концептот што беше широко дебатиран со сите релевантни чинители е само дел од Стратегијата за даночни реформи. Во контекст на тоа тука не станува збор за нови даноци, туку за некои даночни ослобдувања, за што ние ги зедовме предвид сите препораки и забелешки од сите чинители со кои дебатиравме. Има неколу сценарија и наскоро ќе излеземе точно што ќе се применува од следната година, што од 2024 и што од 2025 година, бидејќи таа реформа постепено ќе се спроведува, истакна заменик-министерот за финансии.

Во однос на кризата посочи дека Владата има капацитет за справување и потсети на донесените два пакета антиризни мерки од 760 милиони евра, што беше нотирано и од страна на Светска банка, дека сме држава број еден во регионот со издвоени средства за помош како процент од БДП.

Next Post

Ковачевски: ЕСМ обезбеди поевтина струја за прехранбената индустрија, училиштата и ЈП за водоснабдување

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk