ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Нетранспарентно, непрофесионално и скандалозно доделувањето на наградите „13 ноември“

November 15, 2022 10:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Несериозноста и непрофесионалноста во водењето на Град Скопје на градоначалничката Данела Арсовска излезе на виделина за Денот на ослободувањето на Скопје и доделувањето на традиционалните награди „13 Ноември“. За разлика од сите претходни години кога наградите се доделуваа транспарентно и добитниците беа соопштени навремено, оваа година тоа беше зад очите на јавноста и без никакви најави.

Откако минатата година воопшто не се појави на доделувањето на наградите „13 Ноември“, оваа година администрацијата на Град Скопје не ги објави имињата и не извести за церемонијата на доделување на наградите се до вечерта на 13 ноември.

Церемонијата за доделувањето на наградата беше објавена само од Културно информативниот центар, но без многу информации, додека на веб страницата и социјалните мрежи на Град Скопје стоеше само конкурсот.

Советничката во Град Скопје и поранешна претседателка на советот, Љубица Јанчева за Цивил Медиа изјави дека ова е прв пат вака да се одлучува за доделувањето на наградите.

„Скандалозно е доделувањето на наградите ‘13 Ноември’, бидејќи ова е првпат на ваков нетранспарентен начин да се избрани. Досега за овие награди изборот се одвиваше во две фази, се формираше одбор и комисии кои правеа прелиминарна листа, со можност одборот и да додаде личности дополнително, а за изборот гласаа две третини од вкупниот број на членовите. По кратко време се свикуваше прес-конференција на која се објавуваа наградените“ рече Јанчева.

Изборот на наградените оваа година наиде и на критики на граѓаните, кои на социјалните мрежи негодуваа околу изборот. Обвинувањата се на линија дека дел од наградените се избрани поради лични или политички интереси, а не поради нивниот придонес за развојот и промоцијата на Скопје. Колку за споредба, изминатите години добитниците на наградата „13 Ноември“ беа објавувани речиси еден месец порано. Тогаш, освен добитниците на наградата јавно се објавуваше и составот на комисијата која одлучуваше за добитниците на наградата.

Освен нејзиниот омаловажувачки однос кон оваа награда, која се доделува за физички или правни лица кои имаат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во земјава и во светот, таа непрофесионално пристапи и кон самата прослава на 13 Ноември.

Веб сајтот и профилите на Град Скопје на социјалните мрежи останаа без честитки и најави за прославата, а да не беше објавата на Културно информативниот центар, граѓаните немаше да знаат ни дека администрацијата на градот ќе го одбележи денот. Непрофесионалноста оди до таму што дури и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски се пожали дека неговата општина не била поканета за заедничкото чествување на празникот.

Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември е значаен празник за граѓаните на градот, но и за државата, бидејќи со ослободувањето од окупаторот Скопје станува главен град на идната слободна Македонија.

Д. Е.

Next Post

Спасовски го посети полицаецот повреден во спасувачката потрага по алпинисти на Шара

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk