ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Нов скандал на повидок: Пратеникот Милошоски ќе остане без безбедносниот сертификат?

November 21, 2022 13:10
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Дали конечно кривичните дела што ги извршил пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, за кои има веќе долгогодишни истраги, ќе му се „удрат од глава“ и ќе го остават без сертификатот за безбедност? Ако внимателно се следи минатонеделната изјава на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, може да се каже дека се навестува дека Агенцијата ќе покрене постапка за да му се одземе безбедносниот документ на пратеникот. За самиот безбедносен сертификат веќе постојат сомневања дека е добиен на незаконски начин. Имено, иако не го споменува со име, сепак, од содржината на изјавата на Димовски, станува јасно дека се работи за Милошоски.

„Се работи за поранешен министер, сегашен актуелен член на Собранието на РСМ и човек кој води една важна комисија. Но, кога малку проверивме, видовме дека има одредени изоставени важни податоци. Податоци за санкционирање во земја членка на ЕУ во поглед на интересни кривични прекршоци. Не споменувам имиња, како истражувачки новинари проверете за што се работи. Понатаму, како и што ќе се одлучува во однос на тој предмет и останатите предмети каде има пропусти, дополнително ќе ве информираме. Ако сте спремни да вперите прст во некој дали има морален кредибилитет и интегритет, да обвинувате дека злоупотребил службена положба затоа што потпишал предмет потпишан од 10 припадници на АНБ, од кои еден не ја завршил работата, а во исто време против вас се води судски процес за измама и злоупотреба на службена положба, треба да имате кредибилитет и образ за тоа“ – изјави Димовски алудирајќи на постојаните јавни прозивки на Милошоски кон него за издадениот пасош на Украинецот Онишченко.

Димовски дополни дека во овој процес АНБ се навраќа на сите безбедносни проверки од претходно за да утврди дали и каде има пропусти со издавањето на безбедносниот сертификат на Милошоски. Кога се споменува држава членка на ЕУ се мисли на Германија и на кривичните дела кои пратеникот ги има извршено таму, а се однесуваат на фалсификување исправи и на кражба. Иако Милошоски се обидуваше тоа да го демантира пред македонската јавност, сепак, беше обелоденет документ од тетовскиот суд со кој се потврди дека пратеникот навистина сторил две кривични дела во Германија. Таквата казнена евиденција судот ја имал испратено до Државната изборна комисија во пресрет на парламентарните избори во 2020 година и со неа недвосмислено се потврдува дека Милошоски, сепак, бил казнет за кривични дела.

Со оглед дека Димовски во последната јавна изјава го нагласува фактот дека е назначен за директор во период кога Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) преминува во АНБ, тогаш се добива впечаток дека Милошоски го искористил тој правен вакуум за да издејствува некој да му додели безбедносен сертификат. Но, како и да е, сега веќе е јасно дека во АНБ се занимаваат со сертификатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и наскоро јавноста ќе знае дали Милошоски заслужува да поседува таков важен безбедносен документ или ќе мора да му биде одземен.

Во контекст на кривичните дела на пратеникот, јавноста знае дека и пред македонските судови се води предметот „Моќник“ во кој Милошоски е обвинет за измама и за злоупотреба на службената положба. Ова кривично дело, ако биде санкционирано со пресуда, ќе значи дека Милошоски ќе го изгуби правото на безбедносен сертификат и ќе биде доведена под сомнение секоја негова идна државна функција.

Извор: ЦИВИЛ Медиа

 

Tags: АНБАнтонио Милошоскикривични деласкандал
Next Post

Агелер: САД целосно ја поддржуваат интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk