ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Воспоставен прв стратешкиот дијалог помеѓу Северна Македонија и Франција во областа на одбраната

November 23, 2022 13:58
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Соработката помеѓу Северна Македонија и Франција, две земји сојузнички во НАТО – Алијансата добива нов интензитет, особено по усогласувањето на новиот Договор за соработка кој неодамна во Париз го потпишаа министерката Славјанка Петровска и нејзиниот француски колега, министерот Себастијан Лекорну, известија од министерството за одбрана.

Како продолжение на воспоставената соработка, денеска во министерството за одбрана започна првиот стратешки дијалог во одбраната меѓу Северна Македонија и Франција, кој се реализираше на состанокот на  делегација од француското министерство за одбрана со тим од македонското министерство за одбрана.

Целта на стратешкиот дијалог  е зајакнување на билатералната одбранбена соработка во заедничките обуки, мисии, во едукацијата и взаемната поддршка во исполнувањето на НАТО целите за способност.

Француската делегација предводена од  вицеадмиралот Кристоф Лукас, заменик генерален директор за меѓународни односи и стратегија во француското Министерство за одбрана, имаше средба со министерката за одбрана Петровска, на која беше изразено задоволство од воспоставувањето на стратешкиот дијалог во одбраната меѓу двете земји, како најдобар доказ за взаемната одлучност договорената соработка ефективно да се спроведе во пракса.

„Ова е почеток на нов период на соработка во одбраната меѓу Северна Македонија и Франција. Франција е наш значаен сојузник кој го поддржа членството на Северна Македонија во НАТО и ја дава својата поддршка за европската интеграција на земјата. Северна Македонија како членка на НАТО денеска придонесува за мирот и безбедноста на Балканот. Започнуваме стратешки дијалог кој ќе ја продлабочи соработката во одбраната со нашиот сојузник Франција  со кој ги делиме истите вредности“, рече министерката Петровска.

Вицеадмиралот Лукас изрази задоволство од успешниот почеток на стратешкиот дијалог и го потенцираше знаењето на Северна Македонија како сојузник во НАТО кој дава активен придонес кон мирот и безбедноста.

На средбата на која присуствуваше и францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер, беше истакнато дека Алијансата е обединета во осудата на руската инвазија врз Украина и во определбата НАТО да проектира стабилност, додека истовремено се зацврстува колективната безбедност.

Набавката на интегрираниот систем за против-воздушна одбрана за што беше потпишан договор помеѓу Северна Македонија и Франција е уште еден силен сигнал дека двете земји соработуваат на највисоко ниво и дека Армијата на Република Северна Македонија интензивно се модернизира со најмодерна и најсофистицирана опрема.

Во контекст на Европската Унија, министерката Петровска порача дека Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната безбедносна и одбранбена политика на Унијата и дека сега е потребен брз и ефикасен евроинтегративен процес за земјата и регионот.

Tags: Европска УнијаНАТОФранција
Next Post

Андонов: Секоја заштеда е важна, апелирам сите заедно да заштедиме денес, за да имаме утре

Shortcut

Најново

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk