ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски додели признанија „Успешни млади“ за значајни достигнувања во 2021 година

November 25, 2022 13:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Седуммина млади кои постигнале извонредни резултати во 2021 година денеска го добија признанието „Успешни млади“ што го доделува Претседателот на Република Северна Македонија како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава.

Признанието им се доделува на млади до 35 години. Годинава аплицирале 45 кандидати во седум од осум категории. Не е доделено признание само за млад иноватор зашто немало апликација. Посебна Комисија ги избрала седумтемина добитници, а признанијата денеска им ги врачи претседателот на државата Стево Пендаровски.

Виктор Стојкоски е награден за најдобар млад научник во општествени науки во минатата година. Тој е вклучен во глобалната научна дебата за актуелни економски прашања, вклучително и за влијанието и ефектите од пандемијата. Во категоријата хуманистички науки, признание за најдобар млад научник  му беше доделено на поетот и есеист Иван Антоновски, кој понуди свеж поглед врз книжевното наследство на Блаже Конески и Горан Стефановски.

Андреј Ристески е најдобар млад научник во природно-математички и технички науки. Се занимава со машинското учење и вештачката интелигенција, со посебен фокус на т.н. длабоко учење и невронските мрежи. Гордана Георгиева доби признание за најдобар млад научник во медицинските науки. Таа е специјалист и автор на голем број трудови од областа на пластичната и реконструктивна хирургија.

На Нина Костовска ѝ беше доделено признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата, затоа што низ личен пример покажува дека попреченоста не е пречка за успехот и ги урива стереотипите во македонското општество. За најдобра млада уметница признание доби актерката Наталија Теодосиева, која со својот ангажман ја освојува публиката и доби повеќе награди на театарски и филмски фестивали во земјава и во странство.

Во категоријата „Млад талент“, во која конкурираат само ученици од средните училишта, признанието му беше доделено на Алексиј Тасиќ кој освои голем број златни и сребрени медали и признанија на државни и меѓународни натпревари и олимпијади по математика, физика и хемија.

Иако не е средношколец, во оваа категорија беше награден и Македон Димитровски, со што е направен исклучок во правилата за доделување на признанието. Комисијата одлучила да го награди овој најмлад добитник на признанието поради неговите натпросечно развиени академски вештини и меморија за што има добиено бројни награди.

Претседателот Пендаровски во обраќањето истакна дека овие млади луѓе се дел од креативното малцинство кое има потенцијал да направи значајни пробиви во своите области.

-Нивните биографии, трудови, референтни признанија, како и уметнички и општествени ангажмани сведочат дека секој од нив се фатил во костец со некои од големите прашања на науката, технологијата, уметноста и воопшто, општествениот развој. Тие не само што не се плашат да поставуваат тешки прашања, туку имаат доволно храброст, доблест и знаење, да предлагаат решенија низ сосема нови перспективи. А со тоа да придонесуваат и за севкупниот развој на својата земја, рече шефот на државата.

Овие успешни млади луѓе, додаде претседателот, се позитивен пример за нивните врсници, но и за генерациите што допрва доаѓаат. Нивниот пат до успехот, како што рече, не е ни малку лесен, бидејќи бара време и посветеност во континуитет.

Пендаровски порача дека институциите не смеат да си дозволат „да испуштат од рака вакви ретки таленти“ и дека државата мора да им овозможи „еднакви можности на сите да напредуваат, и да ги препознава и наградува најуспешните меѓу нив“.

-Токму тоа е главната цел на признанието „Успешни млади“ – да ја поттикне научната, истражувачката и креативната работа на младите. Но, со ова признание сакаме да постигнеме уште нешто, не помалку вредно –  да го намалиме иселувањето на младите, образовани луѓе. Еден од нашите најголеми предизвици е незавидната состојба во која со децении се наоѓа образованието и науката во Северна Македонија. Честите реформи на образованието и минималните вложувања во истражувањето и развојот резултираа со ниски резултати на многу евалуации во меѓународни рамки. Никогаш нема да дознаеме колку надарени ученици и студенти биле испуштени или превидени од нашиот образовен систем, или, колку млади образовани луѓе имаат заминато во развиени земји каде што нивниот талент и труд се единствен критериум за личен успех и кариерно напредување, нагласи Пендаровски.

Порака за поголема грижа од државата за младите таленти и поголемо издвојување за науката упати и д-р Трајче Стафилов, претседател на Комисијата која ги избра добитниците на признанието „Успешни млади“ за 2021 година.

– Освен што науката има свое значење во економскиот развој, има многу големо значење и во афирмацијата на една држава. Затоа е неопходна поддршката на научно-истражувачката работа од страна на надлежните институции во државата. Поддршката на научните работници во Северна Македонија е недоволна… Не можеме да очекуваме големи научни достигнувања ако подолг период не се финансирани, на пример, националните научно-истражувачки проекти, ако не се стипендираат наши талентирани млади истражувачи кои сакаат своето научно оформување и издигнување да го реализираат во земјава или ако се исклучени можностите за нивно вработување на факултетите и научните институции, рече претседателот на Комисијата за избор на лауреатите на признанието „Успешни млади“.

Next Post

Лавров и непостоечкиот транспарент за добредојде на руската делегација на самитот на Г20 во Бали

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk