Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на својот фејсбук профил објави за денешната средба со претседателот на Франција Емануел Макрон и канцеларот на Германија Олаф Шолц на денешниот Самит во Тирана.
Тој додава дека тема на разговор на денешниот Самит во Тирана се актуелните процеси во земјава, како и енергетската криза, актуелните состојби во Европа и војната во Украина.
„Денеска за време на Самитот во Тирана разговаме за актуелните процеси во Република Северна Македонија, посебно во делот на започнатиот скрининг процес како и за предизвиците со кои се соочуваме и успешно ги надминуваме. Тема на нашиот разговор беше и енергетската криза, актуелните состојби во Европа и војната во Украина“, напиша Ковачевски на својот фејсбук профил.