Денеска пазарев основни намирници во еден маркет во Куманово и со сограѓаните пред рафтовите констатиравме дека има сериозна злоупотреба од “големите газди” и непочитување за намалување на цените, коментира во објава на Фејсбук пратеникот на СДСМ од Куманово, Мартин Костовски.
Тој вели дека Премиерот и Владата направија сè, за да се намалат цените и да им се олесни на граѓаните со конкретни мерки.
„За „големите газди”-дрски профитери кои прават профит на нашиот грб, ИТНО уште утре да им се направи инспекција, нема веќе ТОЛЕРАНЦИЈА и МОЛК.
Не е нормално некој едвај да се прехрани, некој на мака на народот да прави милиони.
Или да ги почитуваат мерките и помош од Владата или да ги означиме јавно и да ги бојкотираме(да не пазариме кај нив) ТРЕТО НЕМА“, истакнува пратеникот Костовски