ТОП ЧАНЕЛ: 32 години од Студентското движење кое донесе демократија во Албанија
„Од 2009 година, со одлука на Парламентот на Албанија, 8 декември се одбележува како државен празник во чест на сите студенти од декември 1990 година и на целата албанска младина.
На 8 декември 1990 година, група студенти и предавачи на универзитетите во Тирана станаа иницијатори и протагонисти на големата историска пресвртница, мирните протести кои го донесоа падот на комунистичкиот систем и раѓањето на демократијата.“, Топ Чанел.
Велиај во Брисел ја прими титулата за Тирана „Европски град на спортовите за 2023 година
“„Тирана и официјално е „Европски град на спортовите“ за 2023. Титулата му беше врачена на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, на специјална церемонија во седиштето на Европскиот парламент во Брисел, од каде Велиај изрази гордост што денеска Тирана е насловот на најголемите спортски активности во годината.“, пренесува Топ Чанел.
ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Курти за членството во ЕУ: „Перспективата“ не е доволна, на луѓето им требаат рокови
„Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека фразата „перспектива во Европската унија“ не е доволна, туку мора да се забрза процесот на членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
Потребен ни е забрзан процес за членство во ЕУ, „перспективата во ЕУ“ не е доволна. Тешко е да се мобилизираат луѓе ако нема јасни рокови до членство“, изјави Курти на Самитот на социјалдемократите за Западен Балкан што се одржува во Виена, Австрија.“, пренесе Газета Експрес.
Д. Тахири
Извор: ЦИВИЛ Медиа