Во ТИРЗ за неполна година реализирани се 2.500 нови работни места што е пораст од 18 проценти. Или 3.500 за две години што е значително остварување, истакна директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски во интервјуто за Фронтлајн.
„За прв пат просечната плата во зоните е поголема од просечната во земјата и очекувам тој раст да продолжи. Ние уште на почетокот кога ја преземавме работата во зоните рековме дека синтагмата „евтина работна сила како мамка за привлекување странски инвестиции“ ја бришеме од кампањата“, потсетува Јован Деспотовски.
Тој нагласува дека она што е ново, е што еден од условите кои им се поставува на странските инвеститори е при градбата на објектите да користат домашни изведувачи или добавувачи на материјали.