ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Соколова, Институт за новинарство, Кијив, Украина: Нема руски новинар на кој можам да му верувам

December 13, 2022 15:01
in PMD, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Катерина Соколова од Институтот за новинарство во Кијив, Украина беше една од учесничките на на првата Меѓународна недела на новинарството отпорно на дезинформациите и пропагандата организирана од Цивил и Youth4Media (Y4M).

-Првпат сум во Скопје, а ги посетив и Гостивар и Тетово. Луѓето се пријатни, а земјата може многу да се развива, во однос на туризмот и економијата, ги сподели таа впечатоците за ЦИВИЛ медиа.

По неколкуте дена поминати во земјава, таа вели дека пропагандата е прилично присутна во Северна Македонија и дека треба да се изнајде начин пред се медиумите да споделуваат проверени и точни информации бидејќи граѓаните ја заслужуваат вистината.

-Во Донбас  имаше добро организирана кампања уште пред да почне војната, каде на населението му беше постојано повторувано дека тие се Руси и дека треба да се приклучат кон Руската Федерација. Во привремено окупираниот Донбас, луѓето беа подложени на жестоко перење на мозокот. Тие беа подложени на тоа перење на мозокот осум години. Во основа, Русија создаде тоталитарен култ, појаснува Соколова која ја раскажува состојбата во Украина.

Според Соколова преку овој семинар учесниците дознаваат за методите и техниките кои се користат за ширење на дезинформациите и пропагандата и дека ова е еден од начините за борба против истите, со отворени разговори и дискусии, за да можат граѓаните да ги разберат овие состојби.

-Улогата на новинарите е многу важна во пренесување и споделување на точни информации, во Украина да речеме голем дел од нив известуваа и директно од воените зони, но имаме и колеги кои своето образование го завршија кај нас, а сега работат за руски медиуми и дури и шират дезинформации, раскажува Соколова.

Соколова објасни и детали како функционираат руските новинари во спрега со пропагандата.

-Дмитри Киселјов работеше во Украина. Тој, во основа, го проучуваше општеството. И тогаш, кога почна војната во Донбас, тој почна со перењето на мозоците. Почна да кажува гнасни работи за Украинците, открива Соколова.

Таа ги наведе и тврдењата во руските медиуми, вклучително и на националните ТВ станици, дека украинска стара жена им платила на руските војници да ја силуваат. Таа дезинформација била емитувана и во окупираните подрачја во Украина.

-Затоа, немам контакти со руските новинари. Нема руски новинар на кој можам да му верувам, вели Соколова.

Соња Танеска / Цивил Медиа

камера и монтажа: Самуел Дебус/OK-TV Ludwigshafen

Tags: дезинформацииКатерина СоколоваКијивУкраина
Next Post

Роналдо нема намера да ја заврши кариерата во португалската репрезентација, сака да игра на Евро 2024

Shortcut

Најново

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk