ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Интервју со проф. Дујовски: Сајбер заканите доаѓаат од Русија

December 15, 2022 15:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА

Што се однесува до хибридните напади кои се интензивираат во последно време и вордингот на опозицијата која постојано создава чувство на незадоволство кај граѓаните, според професорот Никола Дујовски, целта и на опозицијата и на оние кои се јавуваат за подметнати бомби е токму тоа да се создаде една поинаква слика во општеството, да се создаде страв и паника и да се има нерасположение кон генералните политики на Владата.

„Но и покрај сè, безбедносната состојба во земјата е стабилна. Според сите домашни и европски извештаи Македонија е најбезбедна држава од сите држави во Западен Балкан. Зборувам за општата безбедност. Но во делот на хибридните закани со кои се соочуваме сме пред сериозен предизвик. Ова трае премногу долго и полека зазема посериозни размери. Минатата недела за прв пат имавме дојави за бомби поставени по витални објекти по трговски центри, а не само кон училиштата. Беше нападнат нашиот банкарски систем. Три четири часа не функционирање на НБРМ значи многу“, смета професорот Дујовски во интервју за Фронтлајн.

Дујовски потврдува дека сме дел од една глобална хибридна војна во која не сме ниту прва ниту последна земја, а ние како најнова членка на НАТО сè уште ги градиме нашите капацитети на одговор.

Не е тајна дека и во Македонија и во многу други држави во соседството во изминативе години, особено при зачленувањето во НАТО, многу надворешни интереси преку внатрешни политички сили се обидуваат да остварат одредено влијание, вели Дујовски.

„Постои еден воспоставен систем што функционира на следниов начин: прво се креира лажна вест, потоа се избира соодветна политичка партија, најчесто најмалите политички партии кои се најрадикални било крајно леви или крајно десни и преку нив се обидуваат да влијаат врз општите процеси во општеството. Потоа доаѓаат реалните закани како што се овие хибридни закани со дојави за бомби, за на крај да се успее да се забави процесот за европски интеграции на Македонија. На крајот на тој процес, стои влијанието што некои држави сакаат да го имаат на Балканот“, објаснува детално професорот за безбедност Никола Дујовски.

Според експертот Дујовски хибридните закани кои се испратени од Македонија, тие се разјаснуваат. Но оние другите, смета тој, тоа е малку потешко дури и за големите сили.

Давајќи пример за Франција Дујовски упатува на користење аутсорсинг.

„Но тоа е многу скапо. Тоа не може да си го дозволи нашето МВР затоа што реалната плата на вработените е на работ на просекот на општеството. Како ќе платите врвен ИТ инженер да работи во МВР за буџетска плата, а да не говориме за цело одделение или сектор со десетина или петнаесет такви стручњаци. Ние такви стручњаци немаме или не можеме да ги платиме. Ова ги надминува границите на МВР. Ова треба да биде прашање на Владата која веројатно може да ги најде најдобрите експерти во регионот или во Европа и тоа компании кои се занимаваат со сајбер безбедност. Дури и НАТО ги нема како редовно вработени. Тоа се работи на приватни корпорации.“, нагласува Дујовски.

Можеби НАТО има неколкумина кои ги следат работите, но одговор за борба немаат, потенцира Дујовски во интервјуто за Фронтлајн.

Професорот Никола Дујовски е убеден дека сите овие сајбер закани доаѓаат од Русија.

Љубиша Николовски

Камера и фотографии: Александар Ризински

Монтажа: Ариан Мехмети

 

 

Tags: закани со бомбиинтервјуНАТОНикола ДујовскиРусијасајбер заканихибридни напади
Next Post

Ковачевски: Нема простор за „ќе“ во реформите на администрацијата - очекувам резултати во утврдени рокови

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk