РТК: Османи: Ја избравме Европа, бидејќи ние сме Европа
„Република Косово официјално аплицираше за членство во ЕУ, исполнувајќи го сонот и стремежот на нашиот народ да не види како дел од семејството на Европската унија“, напиша на Твитер претседтелката на Република КосовоВјоса Османи, која во четвртокот попладне го објави официјалниот документ за апликација за членство во ЕУ, пренесе косовскиот медиум РТК.
Османи изјави дека Косово ја избра Европа, бидејќи Косово е Европа.
БАЛКАН ВЕБ – Мајко: Србија сака да биде „Југославија“ од резолуцијата 1244
Поранешниот министер за дијаспора, Пандели Мајко, се приклучи на реакциите против изјавата на претседателот Александер Вучиќ дека ќе распореди српска војска на северот на Косово.
Според Мајко, Србија сака да биде „Југославија“ од резолуцијата 1244 и да преговара за тоа што изгубила во Меѓународниот суд.
Барањето за распоредување на српската војска на Косово е непријавен конфликт.
Србија сака да биде „Југославија“ од резолуцијата 1244 и да преговара за она што го изгуби во Меѓународниот суд.
Србија мора да се спаси. Таа ги предизвика државите кои го признаваат Косово како држава, се наведува во реакцијата на Мајко, пренесува БалканВеб.
РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА: Трајковиќ вели дека српската полиција не и дозволува да премине во Мердаре
Рада Трајковиќ, советничката на министерот за Повраток и Заедници во Владата на Косово, Ненад Рашиќ, во петокот изјави дека српската полиција не и дозволува влез во Србија.
Стојам на административна линија 11 часа, без образложение, без причина, незаконски ми се одземени документите и оневозможена ми е слободата на движење“, порача Трајковиќ преку објава на Твитер.
Таа првпат била запрена на граничниот пункт меѓу Косово и Србија, Мердаре, на 15 декември кога се обидела да влезе во Косово и повторно откако се обидела да ја напушти оваа земја, пренесува Радио Слободна Европа.
Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа