„Секогаш ќе давам поддршка на ЛГБТИ заедницата, затоа што сметам дека како што сме еднакви пред државата и како даночни обврзници, така треба да бидеме еднакви и во правата“ изјави претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во интервју за „Фронтлајн“.
Таа додаде дека набрзо ќе се врати во собраниска процедура Законот за истополови партнерства и кажа дека тоа не е дека некому му се подаруваат права, туку се почитува еднаквоста на сите.
Зајкова истакна дека ЛДП биле и поддржувачи на Законот за спречување и заштита од дискриминација кој има пошироки основи, меѓу кои е дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.
„ЛДП била секогаш отворена во однос на овие прашања, има напредок, формирана е независна комисија за спречување и заштита од дискриминација, но не треба само овој Закон да биде единственото нешто со кое ќе се фалиме дека сме направиле нешто“ вели Зајкова.