Овој договор сега мора да биде изгласан од Комитетот за правда и граѓански слободи на Европскиот парламент, а потоа да оди на пленарна седница. Се очекува оваа постапка да биде спроведена во првата половина на следната година.
Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) на состанокот во Брисел на 20 декември го одобрија претходно постигнатиот договор меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент за либерализација на визите за Косово, јави регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.
Ова е формален чекор кон финализирање на оваа одлука, која земјите членки ја договорија на 30 ноември.
#COREPERII | ✅ EU ambassadors approved the compromise text on #visa liberalisation for #Kosovo ahead of final adoption by @EUCouncil. #EU2022CZ brings Kosovo one step further on its European path. pic.twitter.com/9xHZFidj3N
— EU2022_CZ (@EU2022_CZ) December 20, 2022
Според процедурата, чешкото претседателство со Унијата во име на Советот на ЕУ влезе во преговори со Европскиот парламент и по само една средба беше постигнат договор меѓу овие две институции на ЕУ.
Овој договор сега мора да биде изгласан од Комитетот за правда и граѓански слободи на Европскиот парламент, а потоа да оди на пленарна седница. Се очекува оваа постапка да биде спроведена во првата половина на следната година.
Чешкото претседателство со ЕУ објави на Твитер дека со одобрувањето на текстот за визна либерализација, Приштина направи чекор понатаму на својот европски пат.
Режимот за безвизно патување во ЕУ за граѓаните на Косово ќе почне да се применува од датумот на започнување со работа на Системот за информации и овластувања за патување на ЕУ, најрано на 1 ноември 2023 година, а најдоцна до 1 јануари 2024 година
Пренесува: 360stepeni.mk