ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

(ВИДЕО) Џабир Дерала: Шарената револуција е преседан во светски рамки

December 22, 2022 11:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Што се однесува до анкетата на ИРИ, таа навистина не ме шокираше со ништо. Во тренд се анализите на анкетите секаде во светот, кои во последниве години бележат и многу сериозни критики. Пред сè, затоа што во неколку клучни моменти во светското политичко секојдневие покажаа еден неуспех да го отсликаат пулсот, да го прикажат вистинското расположение на јавноста. На пример, погрешно проценија за тоа еден или друг кандидат за претседател ќе ја освои власта во САД, сосема погрешно прогнозираа и во процесот поврзан со брегзитот во Велика Британија и низа други големи неуспеси доживуваат многу сериозни куќи што се занимаваат со истражувања на јавното мислење“, вели претседателот на Цивил, Џабир Мемеди Дерала.

„Повеќе или помалку, прашањата во анкетата на ИРИ се добро формулирани, добро поставени, верувам дека таа организација максимално професионално ја изработила анкетата, но да имаме предвид и уште нешто, анкетите се една работа, меѓутоа нивното толкување во јавноста е сосема друга работа, особено затоа што анкетите од алатка да го отсликаат расположението во јавноста, станаа пропагандна алатка. Станува збор за тоа дека секоја анкета може да се употреби на овој или на оној начин, а во зависност од тоа кој центар на моќта како ќе ја искористи и тоа е дополнителниот ризик со кој се соочуваат центрите за истражување на јавното мислење“.

Во интервјуто за Слободна ТВ, еден од најпродуктивните македонски новинари, уредник, поет, писател, невладин активист и борец за мир, еднаквост, соживот, човекови права, Џабир Дерала, зборува и за дводеценискиот од на престижната Цивил и Цивил медиа.

„Цивил медиа.мк е дел од медиумската платформа на невладината Цивил. Најпроминентен е Цивил медиа, тука практично има неколку други портали, располага со сет свои страници на македонски, на албански, на англиски јазик. Тие се обраќаат на различна публика што зборува на различни јазици. Тука е и сè повеќе читаниот портал Грин Цивил.мк, кој се занимава со „зелени“ прашања. Самата медиумска платформа Цивил не е комерцијална. Таа се обраќа до публиката и со намера да едуцира, да биде општествено одговорна и да претставува платформа за општествен и политички дијалог“.

Дерала зборува и за мотивот Цивил да ја отвори и портал страницата на украински јазик „Борбата на Украина“, за глобалните опасности и последици од руската инвазија врз Украина, опстојот на Иницијативата Отворен Балкан, како и за актуелната македонска состојба обременета со корупција, за новинарството, за македонските општествени и политички состојби, за песимизмот и оптимизмот. На прашањето дали ќе нè биде, вели дека ако не верува во тоа, не би бил овде. Во интервјуто за Слободна ТВ Џабир Мемеди Дерала зборува и за Шарената револуција, а по нешто и за себе, за своето новинарско, но и уметничко  творештво.

„Јас многу ги сакам револуциите. Ги сметам за интересен историски, цивилизациски, општествен и човечки феномен. Меѓутоа, секоја револуција носи и многу неправди и големи опасности да се претвори во тоа против што и се случила. Ако погледнеме низ светот, повеќето од нив стануваат спротивност од она против што се бореле. Што се однесува до новинарите, до новинарството воопшто, ние не сме огласна табла. Ние сме општествено одговорни, лица што треба да го искажат својот став и да го презентираат за да можат луѓето да се идентификуваат, да поддржат или да се спротивстават“.

Медиумите воопшто – вели Дерала – се под силен притисок. Западнати се во тешки проблеми. Не се работи само за финансиски, тие се евидентни, и затоа смета дека институциите и општествено одговорните компании треба што поскоро нешто да направат за да им помогнат на медиумите да го изградат својот професионален капацитет, но и својот  професионален интегритет.

Извор: Слободен печат

Tags: интервјуСлободен ПечатЏабир Дерала
Next Post

ССНМ изразува жалење поради одлуката за ставање во мирување на дописништвата на МИА во Брисел, Атина и Вашингтон

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk