ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Поларниот вортекс зафати голем дел од северната хемисфера. Што е поларен вотекс и што предизвикува?

ПОЛАРЕН ВОРТЕКС и ДЛАБОКО ЗАМРЗНУВАЊЕ. Поларниот вортекс се спуштa кон Америка и Европа, предизвикувајќи брзо опаѓање на температурите во многу делови од северната хемисфера на планетата. Ова ќе биде историски студена зима. GreenCivil ги има деталите.

December 23, 2022 10:08
in PMD, ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, СВЕТ
Временска непогода, декември 2022, САД (фото извор: принтскрин од видео на Weather Channel)

Временска непогода, декември 2022, САД (фото извор: принтскрин од видео на Weather Channel)

Share on FacebookShare on Twitter

Голем дел од Соединетите Американски Држави запаѓаат во климатска состојба што се нарекува „длабоко замрзнување“ (температури под нулата). Метеоролозите предвидуваат дека ова ќе биде најстудената зима во изминатите триесетина години. Во Денвер, Колорадо, температурата падна до минус 31 степен Целзус, најстудено време во изминатите 32 години.

Поларниот вортекс (вител) веќе се спушти кон средината на Соединетите Држави, внесувајќи ужасно студен арктички воздух и предизвикувајќи брзо опаѓање на температурите во многу делови од северноамериканскиот континент. „Длабокото замрзнување“ ќе биде придружено со голема снежна бура која се очекува да предизвика хаос во транспортните и комуникациските мрежи.

Розби модел на формирање на воздушната маса на Северниот Пол (фото извор: Encyclopedia Britannica)

Вортексот е едно големо ротирачко пространство од студен воздух што обично се движи над пределот на Арктикот, но повремено се префрла подолу, на југ.

Глобалната емисија на јаглерод диоксид ја заробува топлината, така што Арктикот се загрева речиси четири пати побрзо отколку другите делови на планетата. Тоа предизвикува топење на мразот.

Научниците водат остра дебата за низа основни прашања поврзани со климатските промени, а со тоа и за поларниот вортекс. Колку поместувањето на поларниот вортекс кон југ е последица од за забрзаното затоплување на Арктикот што, пак, е последица од глобалното затоплување? Каква улога, доколку ја има, играат климатските промени? И дали екстремните студови ќе стануваат уште потешки ако продолжи затоплувањето? На овие, како и на низа други прашања – сѐ уште нема конечни одговори.

За САД не се вообичаени студените бранови поврзани со поместувањето на вортексот. Така, во февруари 2021 година, кога студениот бран стигна далеку на југ од земјата и забразди длабоко во Тексас, температурите се намалија за дури 40 степени Целзиусови под вообичаеното и предизвика повеќе од 250 смртни случаи, како и големи штети на енергетската инфраструктура на сојузната држава.

„Посакувам да имав јасен одговор“, изјави за Њујорк Тајмс, Стив Ваврус, климатски научник од Универзитетот во Висконсин.

Поларниот вортекс се спушти длабоко кон европскиот континент и во текот на зимата 2021 година. Тој ја зафаќа и Европа и веќе ги покажа своите ефекти и во декември, 2022.

Прогноза за зимата 2022/23: Арктичка зима со обилни врнежи од снег

Поларен вортекс (NOAA.gov, US Department of Commerce)Обемот на снежни врнежи на северната хемисфера продолжува да расте многу повисоко од просекот, според ажурираните глобални проценки во декември, според Severe Weather. Во меѓувреме, зимската бура Елиот во Северна Америка е на пат нагло да го зголеми сегашниот обем на снежни наноси за околу еден милион квадратни километри.

Состојбата се менува од час во час. Метеоролозите предвидуваат уште поголемо невреме во текот на божиќните и новогодишните празници (The Weather Channel)

Веќе се откажани повеќе од 5.000 летови само од средата до петокот, 21-23 декември. Повеќе од 16.000 летови доцнеа.

Ефектот на снежната бура Елиот: Американските аеродроми под снежна покривка (принтскрин, Си-Ен-Би-Си)

Зимските прогнози за крајот на годината и почетокот на 2023-та велат ќе има големи врнежи на снег, и во Северна Америка и во Европа. Ширењето на арктичкиот студ, особено над Обединетото Кралство и Централна Европа во последните недели, забележа температури многу пониски од просечните.

Ажурираната прогноза за снег не дава простор за погрешни толкувања. Снежната површина ќе продолжи да расте во деновите пред Божиќ и по Нова Година.

Што точно значи „Поларен вортекс“?

Атмосферата на Земјата има неколку слоеви што ја окружуваат нашата планета. Најголем дел од климатската динамика на нашата планета се јавува во најниските два слоја, тропосферата и стратосферата над неа.

Слоеви од атмосферата на Земјата (фото извор: WorldAtlas.com)

Поларниот вотекс е огромна маса на ротирачки воздух на голема надморска височина која се јавува над регионот на Северниот Пол. Постојат два, еден на Арктикот, а другиот поларен вортекс е на Антарктикот, над Јужниот пол.

Поларниот вортекс, зима 2022/2023, Канада и САД.

Вортексот се зајакнува и станува многу постуден во зима, кога Северната хемисфера е навалена на страната спротивно од Сонцето. Во тој период од годината, малку или воопшто не стигнува сончева светлина до Арктикот за да го загрее.

Сателитска снимка од поларниот вортекс (NASA)

Ако гледате од вселената надолу кон Северниот пол, изгледа како воздухот да ротира спротивно од стрелките на часовникот. Вителот е опкружен со поларен млазен поток или појас на ветрови кои дуваат од запад кон исток околу планетата.

Температурни разлики.

Што се случува за време на „длабокото замрзнување“?

Во нормални услови, вортексот е стабилен и ограничен на Арктикот. Но неговата патека и обем може да се нарушат. Тоа е придружено со промени на млазниот поток, кој развива брановидна, змиска шема додека кружи околу земјината топка.

Понекогаш, вортексот се дели на неколку фрагменти кои се движат кон југ, некогаш и растегнати како гумени ленти. Температурите, пак, во атмосферата над Арктикот може да се зголемат, понекогаш драстично. Во исто време, студениот воздух на Арктикот се движи кон југ.

Временска прогноза за зимата 2022/2023: Историски студ.

Ако движењето е доволно брзо, температурите во областите изложени на масата на ладен воздух може да паднат за десетици степени во рок од неколку часа и може да останат екстремно ниски со денови или дури недели додека вортексот повторно не стане стабилен и додека „да се врати дома“, во регионот на Северниот Пол.

Различни научни толкувања

Некои експерти сугерираат дека наместо затоплувањето на Северниот Пол, постои можност и други природно променливи елементи на климата на Земјата да се причината за движењето на вортексот. Според Тед Шеферд, климатски научник од Универзитетот во Рединг во Англија, за овие појави може да се заслужни и температурните промени на површината во тропскиот дел од Тихиот Океан. Тој вели дека токму тие температурни промени може да предизвикаат промени на воздушните маси над Арктикот, што го нарушуваат млазниот тек и вортексот.

Национален центар за временска прогноза, САД.

Научниците со години водат дебата за улогата на затоплувањето на Арктикот во екстремните студени бранови. Не се работи за прашањето дали климатските промени се реални – на ова прашање е одговорено – туку какви видови ефекти имаат, колку се сериозни и дали ќе се влошат како што ќе продолжи затоплувањето.

Во меѓувреме, северниот дел од планетата веќе со денови е во фаза на длабоко замрзнување. Освен Северна Америка, тешка зима ги очекува и северните делови на Европа и Азија.

Подготви: Тимот на ЗеленЦивил (WWW.GREENCIVIL.MK)

Извор: ЦИВИЛ Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: длабоко замрзнувањеЕлиотЗеленЦивилКлиматски промениполарен вортексСеверен полснежна бура

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

„Си-Ен-Ен“: Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар, и покрај тврдењата дека тоа е „подарок“

May 20, 2025

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

May 20, 2025
Фото: МИА

Законски регулирана дополнителната и сезонската работа во државата

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ воведува нов систем на гранциите – ќе важи и за македонските граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам е да ѝ даваш на државата мир и соживот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk